Денешното рочиште за случајот „Таргет и Тврдина“ се одложи, бидејќи во 13 часот е закажана јавна седница во Апелација на која ќе се одлучува за притворот на екс-директорот на УБК, Сашо Мијалков.
На денешното рочиште, Мијалков и останатите обвинети, требаше да го испрашуваат сведокот Звонко Костовски, кој заедно со Ѓорѓи Лазаревски ја открија аферата со масовното нелегално прислушување.
Мијалков во судница беше спроведен од истражниот затвор „Скопје“, а обвинетиот Тони Јакимовски од затворот во Куманово, каде што е во притвор.
Наредното рочиште е закажано за 3 април.