• Latest
Талат Џафери, ДУИ, во Ростуше, 22 јуни 2020

Одлука за спречување на злоупотребата на службени возила, надминати техничките проблеми за пописот, политичкиот ОК Корал продолжува

September 7, 2021
Фото: Државна служба за вонредни ситуации на Украина/Телеграм

„Злобен напад“ – 4 убиени, десетици повредени во Киjив во масивен руски ракетен напад

November 14, 2025

Руски разузнавач уапсен во Белград, а потоа ослободен следниот ден

November 13, 2025
Фотографија: WIkimedia Commons

КОП30: Активисти бараат глобален договор за укинување на фосилните горива

November 13, 2025

САД го бојкотираат самитот на Г20 во Јужна Африка

November 13, 2025

ДЕМОКРАТСКИ НАВИГАТОР ВО КУМАНОВО: Од локални гласови до заедничка иднина

November 13, 2025
Фото: Инстаграм

(ВИДЕО) Глувци шетаат во тоалет во студентскиот дом „Пелагонија“ во Скопје – студентите добиле одговор: „Од глувци ли се плашите?“

November 13, 2025
Скриншот од видео на
Просто Путин

„Не е гостилница за верници на Путин“ – Контроверзниот руски рапер доби забрана за влез во Литванија

November 13, 2025
Александар Сирскиј, Врховен командант на вооружените сили на Украина. Фото: Фејсбук

Сирски: Покровск не е опкoлен, но останува главна цел на Русија

November 13, 2025
Скриншот од видео на
BeWisePL - info z polityki polskiej i zagranicznej

„Полска би можела да биде закана за нас“, вели ко-лидерот на германската крајна десница, отфрлајќи ја секоја непосредна опасност од Русија

November 13, 2025
Фото: wikimedia commons

Европа и Блискиот Исток во трка за имотите на „Лукоил“ пред санкциитена САД – а кај нас?

November 13, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ДНЕВНИК

Одлука за спречување на злоупотребата на службени возила, надминати техничките проблеми за пописот, политичкиот ОК Корал продолжува

September 7, 2021 17:30
in ВЕСТИ, ДНЕВНИК, ТОП 5
Талат Џафери, ДУИ, во Ростуше, 22 јуни 2020

Талат Џафери, ДУИ, во Ростуше, 22 јуни 2020

Share on FacebookShare on Twitter

ВЕСТ НА ДЕНОТ

Со нова владина одлука се спречува злоупотребата на службени возила

Нова одлука со која се дефинира и регулира користењето на службените возила во сопственост или користење на државата, беше донесена на денешната владина седница.

Одлуката, која е донесена на иницијатива на заменик претседателот на Владата за борба против корупција, човечки ресурси и одржлив развој, Љупчо Николовски, е направена така што ги елиминира потенцијалните злоупотреби на службените возила, односно користењето на јавните ресурси за приватни цели.

ИЗЈАВА НА ДЕНОТ

Симовски: Техничките проблеми за пописот се надминати, системот е апдејтиран и рестартиран и нема веќе да има проблеми

Апостол Симовски, директор на Државен завод за статистика (фото: ЦИВИЛ)

„Правиме обновување на сето она што вчера беше сработено, а во моментов се врши и рестартирање на целиот процес со цел избегнување на било какви падови на системот во иднина, рече Симовски, додавајќи дека апликацијата за попис утрово повторно не работела оти се вршело отстранување на „багови“. Пронајдено е решението на проблемот и слични такви падови во иднина нема да имаме. Треба да знаете дека вакви проблеми се можни секогаш кога работите со технологија“, нагласи директорот на ДЗС, Апостол Симовски.

ПОЛИТИЧКИ ОК КОРАЛ

Алијансата за Албанците го објави кандидатот за општина Сарај, дуел меѓу СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ, информација за објавите на ФБ страниците на независните

Предизборните политички кампањи со препукувања, обвинувања и претставување на кандидатите продолжува и денеска. Во рамките на својот долгорочен изборен мониторинг, ЦИВИЛ и Редакцијата при медиумската платформа, редовно ги бележат настаните на различните учесници во изборната трка. Организацијата неодамна ги повика политичките партии и независните кандидати редовно да ја известуваат организацијата и нејзината медиумска платформа за своите активности. Дел од учесниците во изборната трка сè уште не одговорија на повикот.

Во денешниот преглед на изборните активности на политичките партии и независните кандидати на локалните избори имаме информации за едно претставување на кандидат на АА-А, дуелот меѓу СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ и информација за објавите на независните „Шанса за Центар“ и „Зелен хуман град“ на нивните Фејсбук профили.

МУЛТИКУЛТУРА

#НaправиРазлика #ПочитувајГирРазличностите

Рита Бехадини, новинарка и активистка за правата на жените, во видео порака за иницијативата на ЦИВИЛ „Направи разлика, почитувај ги различностите“ истакна дека разликите постојат и секоја разлика треба да се почитува.

„Јас лично се занимавам со правата на жените, се борам за правата на жените, бидејќи сметам дека моите права се повредени. И верувам дека се кршат правата на многу други, затоа овој проект е можност да застанам покрај нив и да им покажам дека не се сами и дека мора да се почитуваат сите видови разлика. Ние мора да направиме разлика и да ги почитуваме разликите“, вели Бехадини.

ФЛЕШ ВЕСТИ

БЛОКАДИ Координаторот на пратеничката група на опозициската ВМРО-ДПМНЕ Никола Мицевски денеска обвини дека владејачкото мнозинство во Собранието има намера, како што рече, да протне 12 нови закони злоупотребувајќи го повторно европското знаменце на законите. Тој побара законите да бидат разгледувани во редовна постапка, во спротивно најавија дека ќе ја блокираат работата на Собранието.

РЕФОРМИ Министерот за правда, Бојан Маричиќ денеска преку видео врска имаше обраќање на настанот организиран од ЕПИ на тема „Дигитално судство – нова ера на реформите на македонскиот правосуден систем“. Маричиќ посочи дека како Министерство свесно или не, се соочуваат со оргомни промени кои ги наметна дигиталната ера.

ОДБЕЛЕЖУВАЊЕ Прослава по повод јубилејот 30 години независност, ќе се одржи утре, 8 септември 2021 година (среда), во 8 часот со оддавање почит и положување свежо цвеќе на вечните почивалишта на поранешните претседатели на државата, Борис Трајковски и Киро Глигоров, на гробиштата „Бутел“.

КОВИД Глобалната економија се уште е многу фрагилна, а предизвиците се големи. За разлика од лани, општата економска прогноза е подобрена, иако, закрепнувањето, според очекувањата се одвива бавно, изјави претседателот Стево Пендаровски во обраќањето на првиот „Скопје економски и финансиски форум“ на тема „Економско заздравување и раст по Ковид“, организирана од Министерството за финансии.

ПОВИК Претседателот на опозициската ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, се придружи на повиците на повеќето институции и граѓанскиот сектор, меѓу кои и ЦИВИЛ, и упати порака до македонските граѓани масовно да се попишат и да не го бојкотираат овој процес, односно како што рече, граѓаните да не веруваат во оние анационални структури кои што се обидуваат повторно да направат раздор меѓу македонското ткиво.

СЛОБОДНА ЗОНА 

„Сепак, кога нашите генерации ќе ги покрие „рузмарин и шаш“ и кога ќе се подзаборават сите изминати афери, скандали, анегдоти и политикантски епизоди, како и пропаднатите и успешни проекти, она што ќе остане е фактот дека пред 30 години се востанови македонската државна независност како меѓународен факт што не може да се спори.

Тоа е доволна, а и одлична причина да си го честитаме и овој 8-ми Септември, Денот на независноста на државата“, пишува Сашо Орданоски во колумната „Честит празник! Заслуживме!“.

„Неказнивоста на говорот на омраза пред, за време, и по изборите во 2016, кулминираше во дотогаш невидено насилство во Собранието на 27 април 2017 година. За жал, иако и невладините организации и ЕУ укажуваа на врската помеѓу говорот на омраза и кривичните дела од омраза сторени на 27 април, институциите на системот досега немаат казнето ниту еден сторител на говор на омраза“, пишува Жарко Трајановски во анализата „Последиците од говорот на омраза – извлековме ли поука од 27 април 2017? (1)“.

Д. Муратов

Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Скриншот од видео на ДИК

    Локалните избори 2025 се официјално и конечно завршени, објави ДИК

    306 shares
    Share 122 Tweet 77
  • „Ние сме далеку пред Албанија“ – Зошто оваа изјава на премиерот Мицкоски е важна за европската приказна на Северна Македонија

    116 shares
    Share 46 Tweet 29
  • Изгледа гатачката на Грујо ја вратиле во Царина, Мицкоски почна да споделува вести од иднината

    113 shares
    Share 45 Tweet 28
  • Локалните избори во Косово Избори без апсолутен победник, но со пораки за партиите

    97 shares
    Share 39 Tweet 24
  • Пендаровски: Ниту една земја што се затворила не станала голема, изолацијата не е добра

    96 shares
    Share 38 Tweet 24
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ