Предлогот на премиерот Зоран Заев и едногласната одлука на сите лидери за предвремени парламентарни избори се рефлектира позитивно во соседна Албанија.
Албанската опозиција и другите јавни актери се повеќе бараат предвремени парламентарни избори. Лидерот на албанската опозиција Лулзим Баша, на денешната прес конференција потенцира дека Северна Македонија немаше ниту една забелешка од ЕУ за исполнување на условите, но го пофалија премиерот Зоран Заев дека сепак беше храбар да го врати легитимитетот кај граѓаните.
А, за разлика од Заев, Баша истакна дека Рама одлучи да ја сочува власта по секоја цена.
“Заклучоците на ЕУ беа дека вината за недобивање на датум е на премиерот Рама и на Владата. Друга беше ситуацијата за Северна Македонија каде речиси сите едногласно заклучија дека нема ниту една забелешка. И покрај тоа премиерот Зоран Заев одлучи да го врати мандатот кај граѓаните”, изјави Баша.
А. Зеќири