пишува: ПЕТРИТ САРАЧИНИ
Еј, ова критикава против одморите е стварно суштинска. На незавршен изборен процес и неконституиран парламент за што технички ќе се потрошат барем пар недели и повеќе, сите други треба на глава да дубат, и да не одат на одмор. Пандемија било, нели се брзало да се направи власт?
Не, драга моја „критичка“ јавност! На одмор не одат тие што се борат со пандемијата, нормално. Башка, не се брзаше да се направи Влада, туку да се направи Парламент, да може да носи закони и да нема концентрација на моќ во владата. Влада има, додека не се конституира новата, не се секирајте. Ама за некој ден, без Наќевци во неа.
Но за сите други, одморот е повеќе од потребен, па дури и пожелен. Па и во пандемија, со затворени граници, добро би било здравите да избегаат на поизолирани места и да се намали фреквенцијата во големите градови.
Одмор добро ќе им дојде и на дежурните критичари, слепи за фашизмот, ал жестоки против одморите. Одморете нѐ малку од вашата „независност“, аман ?
#OdmorOdmorKogaOdmor
#AluminiumOverMAximum
#NieSmeLudaci