Високиот комесаријат на ОН за човекови права го осуди зголемениот број напади од страна на радикални израелски доселеници врз Палестинците во окупираниот Западен Брег.
Портпаролот на Агенцијата за човекови права во Женева изјави дека само во октомври се регистрирани повеќе од 260 напади, што е најголем број во еден месец од 2006 година.
Израелските власти уриваат домови, конфискуваат имот и сè повеќе го ограничуваат движењето на Палестинците, додека израелските населби се шират, а доселениците и војниците принудуваат илјадници Палестинци да ги напуштат своите домови.
Според меѓународното право, Западниот Брег, како и Појасот Газа, е дел од териториите окупирани од Израел.
Израел ги отфрла обвинувањата на Високиот комесар и го обвинува за пристрасност.
Трајното раселување на палестинското население во рамките на окупираните територии претставува нелегален трансфер, што претставува воено злосторство, се наведува во соопштението на Високиот комесаријат на ОН за човекови права.
По нападот на Хамас врз Израел 7 октомври 2023 година, 1.017 Палестинци се убиени на Западниот Брег, вклучувајќи го и Источен Ерусалим. Овие смртни случаи беа предизвикани и од израелските безбедносни сили и од напади на доселеници. Во истиот период, 59 Израелци беа убиени во напади или борби на Западниот Брег.












