Најавената Парада на гордоста, која треба да се одржи на 29 јуни во Скопје, предизвика многу реакции од граѓаните, некои позитивни, а некои непотребни и хомофобични. Како реакција на тие коментари, пренесуваме еден Твитер статус во продолжение:
„Колку јак аргумент е: Децата треба да растат со мајка и татко. Оние кои се геј, растеле со кого?
Оние кои се криминалци, растеле со кого? Оние кои се психопати, растеле со кого? Во заостаната земја, заостанат аргумент.“.
Ангела Петровска