„Дали сметате дека вашата култура е супериорна во однос на културата на луѓето на други места?“ е прашањето коешто им беше поставено на граѓани низ цела Европа, во рамки на истражувањето спроведено од страна на Истражувачкиот центар Пју, во однос на шовинизмот во Европа.
Според резултатите од истражувањето осумте најшовинистичките земји во Европа се наоѓаат на Исток и една од нив е Русија.
Во осум од 33-те земји кои неодамна биле анкетирани од страна на Истражувачкиот центар Пју, најмалку две третини од испитаниците одговориле дека веруваат дека нивната култура е супериорна во однос на културата на другите нации.
Културниот шовинизам е речиси исто толку силен и во низа балкански земји. Кај кавкаските соседи Грузија и Ерменија тоа е нешто повеќе и изнесува над 80%, но убедливо недопирливи се Грците каде девет од десет лица сметаат дека нивната култура е супериорна.
Па така, Грција е на првото место со 89%, по неа следуваат Грузија (85%), Ерменија (84%), Русија (69%), Бугарија (69%), Босна (68%), Романија (66%) и Србија (65%).
Културниот шовинизам не е поврзан со економската состојба
Норвешка, земја богата со нафта, е првата земја од Западна Европа на листата со дури 58%. Но, чувствата на културна супериорност не мора да се поврзани со економската состојба на една земја, бидејќи најбогатите и најсиромашните земји во Европа подеднакво го продуцираат истиот резултат: точно половина од испитаниците во Швајцарија и Молдавија се согласни со тврдењето на истражувањето на Пју.
„Прозападна“ средина
Повеќето од анкетираните земји, или 13 од 33, се со околу 40%. Наоѓајќи се во долниот дел од листата тоа се претежно западни земји (8) и помалку источни (5), доколку се следи дефиницијата од Студената војна (односно, Финска – „западна“, Хрватска – „источна“).
Па резултатите се следни: Финска (49%), Италија (47%), Австрија (47%), Португалија (47%), Обединето Кралство (46%), Унгарија (46%), Германија (45%), Данска (44%), Хрватска (44%), Ирска (42%), Белорусија (42%) и Украина (41%).
Послаб шовинизам
Постои значителен географски континуитет на долниот дел од скалата со трите балтички земји кои бележат значително помали вредности во однос на нивните пошовинистички соседи.
Па така, регионот што се карактеризира со послаб шовинизам се протега од Холандија преку Белгија и Франција до Шпанија. Во бројки тоа изгледа вака: Латвија (38%), Литванија (37%), Франција (36%), Холандија (31%), Шведска (26%), Белгија (23%), Естонија (23%) и Шпанија (20%).
Некои соседни земји имаат висок степен на варијација. Шпанија, на пример, која е на последното место е за помалку од половина шовинистичка од Португалија. Јазот е дури поголем помеѓу Шведска и нејзиниот многу посамоуверен сосед Норвешка.
превод: Наташа Цветковска
обработка на текст: Маја Ивановска