Општина Гостивар ги извести семејствата на загинатите и лицата повредени во несреќата со автобусот во близина на селото Лаласкаарци, дека во Центарот за општински услуги во општината (приземје) можат да поднесат барање за финансиска поддршка во согласност со Одлуката на Советот на Општина Гостивар донесена на последната седница.
Средства може да се донираат на жиро-сметка број: 716014021578990 Приходна шифра: 72591600 Цел на дознака: Поддршка на настраданите во трагедијата во Ласкарци
„Членовите на семејствата на загинатите треба да поднесат Извод на умрените на починатиот, копија од личната карта и број на трансакцијата на подносителот на барањето. Другите патници треба да достават само копија од личната карта и број на трансакциската сметка. Во име на повредените лица кои сé уште се во болница, барање можат да поднесат членови на потесното семејство“, известуваат од општината.
Жиро-сметката ќе биде отворена на неопределено време. За респределбата на средствата ќе одлучува Советот во зависност од висината на собраните средства.
Досега се пријавиле само дел од семејствата на настраданите што веќе добиле еднократна помош од 30,000 денари и останатите патници што добиле 15,000 денари.