• Latest

Оптимизам за исчекор од страна на Бугарија, да се повлече ветото бараат бугарски интелектуалци

December 6, 2020

Руски разузнавач уапсен во Белград, а потоа ослободен следниот ден

November 13, 2025
Фотографија: WIkimedia Commons

КОП30: Активисти бараат глобален договор за укинување на фосилните горива

November 13, 2025

САД го бојкотираат самитот на Г20 во Јужна Африка

November 13, 2025

ДЕМОКРАТСКИ НАВИГАТОР ВО КУМАНОВО: Од локални гласови до заедничка иднина

November 13, 2025
Фото: Инстаграм

(ВИДЕО) Глувци шетаат во тоалет во студентскиот дом „Пелагонија“ во Скопје – студентите добиле одговор: „Од глувци ли се плашите?“

November 13, 2025
Скриншот од видео на
Просто Путин

„Не е гостилница за верници на Путин“ – Контроверзниот руски рапер доби забрана за влез во Литванија

November 13, 2025
Александар Сирскиј, Врховен командант на вооружените сили на Украина. Фото: Фејсбук

Сирски: Покровск не е опкoлен, но останува главна цел на Русија

November 13, 2025
Скриншот од видео на
BeWisePL - info z polityki polskiej i zagranicznej

„Полска би можела да биде закана за нас“, вели ко-лидерот на германската крајна десница, отфрлајќи ја секоја непосредна опасност од Русија

November 13, 2025
Фото: wikimedia commons

Европа и Блискиот Исток во трка за имотите на „Лукоил“ пред санкциитена САД – а кај нас?

November 13, 2025
Фото: Фејсбук на руската амбасада во Македоија/Иван Стоиљковиќ

Вицепремиерот Стоиљковиќ со нервозна реакција на новинарско прашање од ЦИВИЛ – тенденциозна и потпалувачка порака на социјалните мрежи

November 13, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ПОЛИТИКА

Оптимизам за исчекор од страна на Бугарија, да се повлече ветото бараат бугарски интелектуалци

December 6, 2020 10:02
in ВЕСТИ, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

На два дена од Европслкиот совет на 8 декември премиерот Зоран Заев не го напушта оптимизот дека сепак е можно Бугарија да се откаже од најавеното вето за почеток на пристапните преговори за С. Македонија до крајот на годинава во рамки на германското претседателство.

Потврди дека со Република Бугарија се постојано отворени каналите за комуникацијата и интензивно се разговара за прашањата што се актуелизираа и што се поставуваат како пречка за согласноста за усвојување на преговарачката рамка за Република Северна Македонија за почеток на преговорите за членство во ЕУ. Го оцени како конструктивен настапот на министерот за одбрана на Бугарија Красимир Каракачанов за време на радио интервју вчера и истакна дека од разговорот е видливо дека Каракачанов нема проблем да го прифати фактот за постоењето на македонскиот јазик и македонскиот народ.

-Ние остануваме подготвени во духот на пријателство да ги градиме меѓусебните односи меѓу Бугарија и Северна Македонија и да ја градиме нашата заедничка иднина. Искрено се надевам декa уште постојат шанси да се прифати преговарачката рамка и да се одржи првата меѓувладина конференција за почеток на преговорите на нашата земја со ЕУ. Тимовите на двете министерства за надворешни работи интензивно разговараат и сметам дека патоказот за кој се дебатира е одлична основа за да остане вратата отворена за решавање на прашањата што се најдоа на патот на европските интеграции на Северна Македонија, рече Заев.

Тој е внимателен оптимист дека Бугарија ќе направи позитивен исчекор во однос на нашите евроинтеграции иако, вели, нема да не изненади и треба да бидеме подготвени за одложување на ова прашање за што, наведува, може да повлијаат и изборите што земјата ја очекуваат во март следната година, .

-Јас реално очекувам пријателска Бугарија да направи исчекор. Знаат и самите, знаеме и ние дека секогаш на секое поглавје може да биде застанат процесот за сите земји, па така и за С. Македонија.  Имајќи го тоа предвид имаме акциски планови, имаме наративи, меморандуми како да ги забрзаме процесите на градењето на уште поголемо пријателство помеѓу Македонците и Бугарите, но и сите граѓани во РСМ. Верувам дека можеме да успееме на тој пат. Во најмала рака, неколкупати предупредив знаејќи ја суштината на разговорите, нема да не изненади, треба да бидеме подготвени дека ќе се одложи ова прашање. Бугарија имаше разбирање кога беа изборите во РСМ, претстојат избори во Бугарија. Не велам дека тоа е причината, но не е исто кога сте пред избори и кога не сте пред избори, потенцира Заев.

Во врска со употребувата на придавката „македонски“, која ја закочи работата на Заедничката македонско-бугарска комисија за историски прашања поради различно толкување на Преспанскиот договор,, Заев оцени дека Договорот од Преспа  јасно разликува кога таа се користи како наша идентитетска одредница. Жали што не бил постигнат напредок, поради како што оценува, немањето инвентивност и храброст, но подвлече дека во делот на историјата работата е на експертите и професионалците, кои е уверен дека ќе изнајдат решение.

Група бугарски интелектуалци, пак, во отворено писмо упатено до премиерот Бојко Борисов, министерката за внатрешни работи Екатерина Захариева, амбасадорите на земјите-членки на ЕУ во Софија, како и до Канцеларијата на ЕУ во нивната земја, побараа бугарската Влада да даде „зелено светло“ за почеток на преговорите за членство на Македонија во ЕУ без одлагање, односно тоа да се случи до крајот на 2020 година, во рамките на германското претседателство со Советот. Дебатите, наместо за историски прашања, да се префрлат на полето на соработката во културата, економијата, политиката, екологијата…,.Неприфатливо е, велат, оспорувањето на македонската нација и јазик, и несоодветно е да се очекува едната страна во преговорите да изврши политичко самоубиство.

-Исклучително загрижувачки е фактот што Република Бугарија го блокираше почетокот на процесот на преговори на Македонија за членство во ЕУ, со аргумент кој е неразбирлив за современите меѓудржавни односи. Според наше мислење, Бугарија ќе претрпи штета на имиџот на различни ненационални нивоа, со непредвидливи последици. Во прашање се пријателството, добрососедството и соработката помеѓу двете земји кои се главните столбови на истоимениот договор. Наспроти ова, манифестациите на грубост од двете страни, на високо политичко ниво, на ароганција и кратковидни историски интерпретации со живописен националистички и шовинистички вкус, наведуваат во писмото.

Предлагаат како еден од првите чекори да биде именувањето на транспортната инфраструктура меѓу двете држави на Коридорот 8, „Гоце Делчев“.

Официјална Атина, пак, засега, нема заземено став за разликите меѓу Скопје и Софија, а единствените пораки што доаѓаат од грчката Влада се дека и понатаму продолжуваат да ја поддржува европската перспектива на земјите од регионот. Професорот од Универзитетот „Македонија“ во Солун и виш научен соработник во грчката Фондација за надворешна политика „ЕЛИАМЕП“, Јанис Армаколас, во разговор со дописничката на МИА од Атина, за случувања на релација Скопје-Софија, коментира дека не е доцна Грција да направи нешто за да помогне во надминувањето на разликите и откочување на европската перспектива на нашата земја..

Меѓу другото, вели тој, Атина не им стави јасно до знаење на партнерите и сојузниците дека Договорот од Преспа, односно „новиот стратешки однос со Северна Македонија“ и стабилноста и напредокот на земјата, се стратешки избор и интерес што е од витално значење.

– Ако го имаше сторено тоа, можеби ќе беше потешко, толку лесно да се постават пречки на патот на Северна Македонија. Но, не е доцна Грција да направи нешто суштинско. Мислам дека Атина, дури и сега може да го појасни нејзиниот избор за соработка и стабилност и да покаже дека нема разбирање за активностите што ја поткопуваат, директно или индиректно. Последиците од ваквата активација на Атина ќе бидат позитивни за стабилноста и европската перспектива на регионот, истакнува Армаколас.

Извор: МИА

Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Скриншот од видео на ДИК

    Локалните избори 2025 се официјално и конечно завршени, објави ДИК

    306 shares
    Share 122 Tweet 77
  • „Ние сме далеку пред Албанија“ – Зошто оваа изјава на премиерот Мицкоски е важна за европската приказна на Северна Македонија

    114 shares
    Share 46 Tweet 29
  • Изгледа гатачката на Грујо ја вратиле во Царина, Мицкоски почна да споделува вести од иднината

    113 shares
    Share 45 Tweet 28
  • Локалните избори во Косово Избори без апсолутен победник, но со пораки за партиите

    97 shares
    Share 39 Tweet 24
  • Пендаровски: Ниту една земја што се затворила не станала голема, изолацијата не е добра

    96 shares
    Share 38 Tweet 24
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ