„САД не се само стратешки партнер на Република Македонија, туку и најважен пријател со чие присуство и активно учество се остварени најважните успеси на земјава од нејзината независност“, истакна Бујар Османи, заменик претседателот на Владата задолжен за европски прашања, на средбата со Амбасадорот на САД во Република Македонија, Џес Бејли, по повод завршување на неговиот мандат.
„Со вашите активности оставивте неизбришлива трага, не само во нашиот успех да ја оствариме нашата стратешка определба – членството во НАТО, туку и неизбришлива трага во имплементирањето на западните вредности на Балканот, на чии основи е изграден и денешниот успех во напредокот на целиот регион“, додаде Османи.
А. П.