Заменик Претседателот на Владата задолжен за европски прашања Бујар Османи оствари средба со вршителот на работите Министер за Европа и надворешни работи на Република Албанија, Гент Цакај, кој е во работна посета на земјава.
„Симболиката на овој суштински гест е уште еден доказ за исклучително добрите односи меѓу двете земји, кои, одамна веќе не само што немаат меѓусебни отворени прашања, туку напротив, градат односи кои претставуваат вистински израз на меѓусебно пријателство и блискоста на граѓаните на двете земји“, истакна Османи.
Османи посочи дека покрај успехот од Преспа, реформската одлучност на Владата, политичкиот сензибилитет на граѓаните, денешниот успех на нашата земја истовремено претставува и плод на искрената и безрезервна поддршка од страна на нашите меѓународни пријатели, меѓу кои и поддршката од нашиот сосед Република Албанија, што соодветствува и со важноста на овој успех и за двете земји, и за регионот во целина.
„Северна Македонија и Албанија се пред самиот старт на преговорите за членство во Европската Унија и меѓусебната поддршка во овој процес претставува израз на нашиот взаемен интерес за успех и на двете земји во нивните амбиции за почеток на преговорите со Унијата оваа година. Имаме уште неколку месеци агресивно да ги адресираме нашите обврски, и да ги убедиме земјите – членки дека имаме капацитет, дека имаме напредок и дека заслужуваме почеток на преговорите со ЕУ“, додаде Османи.
А. П.