• Latest

Османи со видео порака за Денот на Републиката: Илинден, празник кој создава мостови за внатрешно и надворешно поврзување

August 2, 2021

Руски разузнавач уапсен во Белград, а потоа ослободен следниот ден

November 13, 2025
Фотографија: WIkimedia Commons

КОП30: Активисти бараат глобален договор за укинување на фосилните горива

November 13, 2025

САД го бојкотираат самитот на Г20 во Јужна Африка

November 13, 2025

ДЕМОКРАТСКИ НАВИГАТОР ВО КУМАНОВО: Од локални гласови до заедничка иднина

November 13, 2025
Фото: Инстаграм

(ВИДЕО) Глувци шетаат во тоалет во студентскиот дом „Пелагонија“ во Скопје – студентите добиле одговор: „Од глувци ли се плашите?“

November 13, 2025
Скриншот од видео на
Просто Путин

„Не е гостилница за верници на Путин“ – Контроверзниот руски рапер доби забрана за влез во Литванија

November 13, 2025
Александар Сирскиј, Врховен командант на вооружените сили на Украина. Фото: Фејсбук

Сирски: Покровск не е опкoлен, но останува главна цел на Русија

November 13, 2025
Скриншот од видео на
BeWisePL - info z polityki polskiej i zagranicznej

„Полска би можела да биде закана за нас“, вели ко-лидерот на германската крајна десница, отфрлајќи ја секоја непосредна опасност од Русија

November 13, 2025
Фото: wikimedia commons

Европа и Блискиот Исток во трка за имотите на „Лукоил“ пред санкциитена САД – а кај нас?

November 13, 2025
Фото: Фејсбук на руската амбасада во Македоија/Иван Стоиљковиќ

Вицепремиерот Стоиљковиќ со нервозна реакција на новинарско прашање од ЦИВИЛ – тенденциозна и потпалувачка порака на социјалните мрежи

November 13, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ОПШТЕСТВО

Османи со видео порака за Денот на Републиката: Илинден, празник кој создава мостови за внатрешно и надворешно поврзување

August 2, 2021 11:15
in ВЕСТИ, ОПШТЕСТВО, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Втори август – Илинден е важен ден во историски контекст за нашата земја, важен празник преку кој го негуваме значењето на вредностите на Крушевскиот манифест и Асномските заклучоци, кои заедно со Охридскиот рамковен договор ги вреднуваме како столбови во изградбата на нашата заедничка држава, истакнува министерот за надворешни работи Бујар Османи во видео порака по повод празникот.

Според Османи, во современиот контекст, ова е празник кој создава мостови и за внатрешно и надворешно поврзување. Ние сме растени со идејата дека Илинден преставува паметник на заедништвото на народите кои живееле на овие простори, затоа денес со право очекуваме Илинден да прерасне во современик преку кој ќе ги одбележуваме заедничките историски вредности.

Тој посочува дека денес сме исправени пред поинакви предизвици. Нашите стратешки интереси, додаде Османи, уште од самото осамостојување на државата, се преточени во нашата амбиција за полноправно членство во Северноатлантската алијанса и ЕУ. Тој потенцираше дека успехот да станеме 30-та земја членка на НАТО само ја потврдува нашата правилна патека да градиме заедништво и интеграција, следејќи ги вредностите кои ги симболизира и денешниот празник.

„Онака како што преку Охридскиот рамковен договор ја зацврстивме внатрешната интеграција, онака како што преку договорот од Преспа ги надминавме разликите со нашиот сосед Грција, така и преку имплементација на Договорот за пријателство ќе ги надминеме и разликите со нашиот сосед Бугарија“, порачува Османи во видео пораката, додавајќи дека Илинден е важен ден и за нашите соседи во Република Бугарија.

„За жал во минатото, а неретко и во сегашноста, тоа најчесто преставувало причина за раздор и несогласување, наместо да биде точка која ќе спојува и обединува. Во денешниот современ контекст, наша обврска е, вели Османи од Илинден да направиме токму тоа – точка која ќе нѐ поврзе, празник кој ќе не обедини, историски настан преку чие заедничко одбележување ќе покажеме меѓусебна почит и меѓусебно признание. Изразувајќи почит кон различноста, кон различниот поглед на историските текови, денес преземаме обврска да создадеме современи општествени текови кои ќе овозможат заедничка иднина за граѓаните на двете држави“, истакна министерот Османи.

Тој посочи дека преку засилена секторска соработка им се овозможува на граѓаните, на бизнисите, на уметниците и сите останати општествени чинители да ги надградуваат меѓусебните релации без разлика на политичките разлики. Паралелно, преку работата на мешовитата експертска комисија ќе продолжиме да ги бараме точките кои нѐ поврзуваат, отстранувајќи ги разликите кои не оддалечуваат, вели Османи.

Според него, тоа не е само во насока на предизвик за билатералниот односи со Бугарија, туку како земја во која индивидуалните права претставуваат основа за колективните придобивки. Ние, вели шефот на дипломатијата, изразуваме јасна волја – во општествена, законска, па дури и во уставна смисла – да им обезбедиме на сите оние граѓани на Северна Македонија, кои себеси се чувствуваат како дел од бугарскиот народ, слободно да ја изразат таа волја, почитувајќи го притоа и нивниот различен поглед кон заедничката историја.

„Но тоа на ниту еден начин не смее и не може да прерасне во наметнување на овој поглед врз нашите граѓани кои имаат различна перспектива кон заедничката историја. Посебноста на македонскиот народ и македонскиот јазик претставуваат реалност во секоја смисла, а Македонците, како и сите други народи, имаат право на сопствени чувства, на сопствени убедувања и сопствен поглед кон историските настани и контексти – колку и да се тие заеднички. Затоа е Илинден важен и денес. Затоа што преку одбележување на историските настани кои нѐ поврзуваат, изразуваме почит кон современите посебности. Нека ни е честит празникот!“,  порача министерот Османи во неговата видео-порака за Денот на Републиката.

Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Скриншот од видео на ДИК

    Локалните избори 2025 се официјално и конечно завршени, објави ДИК

    306 shares
    Share 122 Tweet 77
  • „Ние сме далеку пред Албанија“ – Зошто оваа изјава на премиерот Мицкоски е важна за европската приказна на Северна Македонија

    114 shares
    Share 46 Tweet 29
  • Изгледа гатачката на Грујо ја вратиле во Царина, Мицкоски почна да споделува вести од иднината

    113 shares
    Share 45 Tweet 28
  • Локалните избори во Косово Избори без апсолутен победник, но со пораки за партиите

    97 shares
    Share 39 Tweet 24
  • Пендаровски: Ниту една земја што се затворила не станала голема, изолацијата не е добра

    96 shares
    Share 38 Tweet 24
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ