По повод меѓународниот ден на жената, 8 март, ЦИВИЛ Медиа ги праша граѓанките и граѓаните на Скопје, кои се нивните пораки до жените.
„Здравје, љубов, среќа! Тоа е најбитно. И да бидат со тој што го сакаат“, вели една граѓанка.
„Во моментов ништо посебно не ми текнува. Освен да останат убави, какви што се и да продолжат да ни го украсуваат животот“, изјави еден граѓанин, но на прашањето дали жените имаат еднакви права со мажите одговори дека немаат. „Би требало да имаат повеќе права, но гледам дека има доста женски организации кои се борат за своите права и мислам дека треба да продолжат и понатаму“, рече тој.
„Жените треба да си знаат дали се рамноправни или не се. Од машка гледна точка порано да не бидеме. Да владее машкиот пол“, вели друг граѓанин.
Маја Ивановска
Камера: Дехран Муратов
Монтажа: Биљана Јордановска
Фотографија: Ангела Петровска