Денеска продолжуваме со објавување на излагањата на учесничките и учесниците на јавниот настан „Патриотизам – ДА, национализам – НЕ!“ што се одржа вчера.
Во меѓувреме погледнете ги веќе објавените пораки на Ѕвездан Георгиевски, Санта Аргирова, Милка Смилевска, Мерсиха Смаиловиќ и Јасмин Реџепи.
Продолжува Статуафест – Интернационален уличен уметнички фестивал во Скопје, во организација на „Театроск“, меѓу чии поддржувачи е и ЦИВИЛ. На програмата вечерва се диџејски настапи на Претседателот на ЦИВИЛ, Џабир Дерала, Министерот за надворешни работи, Никола Димитров, како и Билјана Секуловска, Анте Попоски, Бранка Костиќ и Иво Антов.
Продолжува мониторингот на референдумот низ целата земја. Комисијата за кадровски прашања на ЦИВИЛ ја заврши постапката и со селекција на краткорочни набљудувачи. Големиот број заинтересирани ќе бидат известени за резултатите од нивните апликации во текот на викендот и в понеделник.
Утре во просториите на хотел Сити Парк ќе се одржи семинар за обука и координација на 28 долгорочни набљудувачи на референдумот од целата земја. Поголем дел од овие набљудувачи веќе се во функција од 10 септември. Набљудувачите на семинарот ќе добијат детални насоки за интензивно набљудување на процесот на спроведувањето на референдумот од повеќе аспекти.
Останете на интернет брановите на ЦИВИЛ МЕДИА.