Две недели откако е предложена за директорка на Европската централна банка, извршната директорка на монетарниот фонд Кристин Лагард поднесе оставка на функцијата.
Таа рекла дека оставката која стапува на сила на 12 септември, ќе го забрза изборот на нејзин наследник, пренесува Ројтерс.
„Со голема сигурност кога станува збор за процесот на мое именување за претседателка на ЕЦБ и време кое за тоа е потребно, донесов одлука во најдобар интерес за ММФ“, навела Лагард во соопштението.
Именувањето на Лагард треба да го одобри Европскиот парламент.