• Latest
Оливер Спасовски

Оставка на Спасовски од потпретседателската функција во СДСМ, не се откажува продажбата на АД „Славија“, безбедносната состојба во државата стабилна, интервју со Рангелова

December 27, 2021

Поранешниот министер за правда Кренар Лога се повлекува од партиските функции во АА

November 14, 2025
Foto: Wikimedia Commons

ОН: Само во октомври повеќе од 260 напади врз Палестинци во Западен Брег

November 14, 2025
Американските воздушни сили, USAF (Photo by Hans Dorries on Unsplash)

САД одобрија продажба на воени авиони и делови на Тајван во вредност од 330 милиони долари

November 14, 2025
Фото: Скриншот, видео Х

Шест загинати во рускиот напад врз Кијив, Азербејџан упати силен протест до Москва откако руска ракета ја оштети и нивната амбасада

November 14, 2025
Фото: Скриншот, видео Гардијан

Демонстранти го блокираа главниот влез на зградата каде се одржува КОП30

November 14, 2025

Марш на ангелите – 30-тиот протесен марш за правда во Скопје

November 14, 2025
Фото: Фејсбук  на Љубомир Костовски

Министерот што подигнува само рачна, говори за брзината на пругите!

November 14, 2025

Богати странци плаќале по 80.000 фунти за „сафари викенд“ за да убиваат цивили за време на опсадата на Сараево

November 14, 2025

Анализа на Гардијан: Климатското финансирање оди во погрешни раце – Кина, Саудиска Арабија и ОАЕ меѓу најголемите добитници

November 14, 2025
Фотографија: Скриншот

Новиот исламофобичен говор на Додик – радикална реторика што потсетува на воените злосторници од 90-тите, алармираат аналитичари и ОБСЕ

November 14, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ДНЕВНИК

Оставка на Спасовски од потпретседателската функција во СДСМ, не се откажува продажбата на АД „Славија“, безбедносната состојба во државата стабилна, интервју со Рангелова

December 27, 2021 16:57
in ВЕСТИ, ДНЕВНИК, ТОП 5
Оливер Спасовски

Оливер Спасовски

Share on FacebookShare on Twitter

ВЕСТ НА ДЕНОТ

Оливер Спасовски поднесе оставка од потпретседателската функција во СДСМ

Министерот за внатрешни работи и потпретседател на СДСМ Оливер Спасовски утрово поднел оставка од функцијата потпретседател во партијата.
Спасовски денеска на брифинг со новинарите информираше и дека вечерва ќе учествува на седницата во СДСМ и оти претходно најавил дека новиот мандатар кој вечер треба да биде предложен и избран од партијата треба да си состави нов тим.

ИЗЈАВА НА ДЕНОТ

Директорот на АУОИ, Фатон Асани вели дека АУОИ не се откажува од продажба на АД „Славија“, тоа  е нивна должност

-Тој што се интересира да ги купи акциите може за еден ден да ги добие сите податоци од АД „Славија“ на чиј сајт се и јавно достапни. Агенцијата треба да е последната алка во државата на една откриена корупција. Ние треба да бидеме само извршители на една судска одлука, но се наоѓаме во ситуација кога има правосилна судска одлука од Основниот суд против Кочоски и во моментот кога ја објавивме продажбата немаше забрана. Тоа се случи откако Кочоски реагирал. Како Агенција сме должни да ги продаваме акциите и доколку не ги објавиме, а некоја компанија пропадне би биле главниот виновник што е оштетен буџетот на државата, појаснува Асани и вели дека пет години чекаат да се реши спорот со  АД „Славија“.

 ФЛЕШ ВЕСТИ

БЕЗБЕДНОСТ Нови униформи, намалување на инкриминациите, зголемување на откриена корупција, целосно реконструирани 69 полициски објекти, спречување на недозволената трговија со дрога во кои активности  се пресечени 16 меѓународни транспорти на марихуана и хашиш, во вкупен износ од околу 1.600 килограми дрога се дел од спроведените активности на Министерството за внатрешни работи за кои денеска информираше министерот Оливер Спасовски на предновогодишната средба со новинарите. Тој, безбедносната состојба во текот на целата 2021 година на подрачјето на државава ја оцени како стабилна и без регистрирани сериозни безбедносни настани. Спасовски нагласи дека во периодот јануари-ноември 2021година, од регистрирани околу 20 илјади кривични дела, реализирани се околу 12.500 дела за кои кривично се пријавени 15 илјади сторители, со што е постигната вкупна ефикасност од околу 62 процент.

СОБРАНИЕ Собранието денеска во рамки на 59-та седница со 59 гласа „за“, без воздржани и без ниту еден глас „против“ го донесе Дополнетиот закон за изменување и дополнување на Законот за трговија. Со членот 4 од овој Закон се уредува работното време во трговијата во недела и на празници, заедно со утврдување на исклучоците во трговијата на мало за кои ќе биде дозволено работа во недела и на празници.

ОТВОРЕНИ ЛИСТИ Измените во Изборниот Законик со цел воведување на отворени листи, како и гласањето во една изборна единица се очекува да ја унапредат македонската демократија, но партиите сеуште се немаат усогласено по ова прашање и дадено ветување – ова е заклучокот на завршната Конференција на тема „Измена и дополнување на Изборен Законик – Отворени листи“. Настанот имаше за цел презентација на спроведените активности за реализација на законските измени објавени од Владата за измена и дополнување на Изборниот Законик во делот на воведување на отворени листи. Свои обраќања имаа Херолинд Сакипи, мобилизатор на заедницата и автор на Проектот, Благица Димитровска, претседателка на Здружението „Инклузива“ од Куманово, Џабир Дерала од ЦИВИЛ, активист за човекови права, писател и новинар, и Бојан Кордалов, комуниколог.

КОВИД 19 Министерот за здравство Венко Филипче смета дека ниту поради омикрон сојот на Ковид-19, ниту поради кој било друг сој не треба да се прават дополнителни рестрикции.

– Сметам дека сите земји во светот треба да научат да живеат со општите превентивни правила и зголемување на степенот на вакцинација и тоа е излезот од оваа криза. Не може ние за секој еден сој, без разлика на карактеристиките се до оној момент додека не ја влошува ситуацијата, да воведуваме дополнителни рестриктивни мерки, изјави Филипче по посетата на Специјалната болница за гинекологија и акушерство во Чаир.

ОБРАЗОВАНИЕ Во изминатите три месеци УНИЦЕФ, Бирото за развој на образованието и Смарт ап поддржаа единаесет вебинари за зајакнување на капацитетите на наставниците, воспитувачите и другите практичари во образованието, на теми поврзани со примена на иновативни методи на настава со фокус на дигитални алатки и дигитално учење. Над 23 000 учесници присуствуваа на сесиите реализирани преку платформата за учење Едуино.

ДИСКУСИЈА Населението директно да се информира за резултатите од мерењата и да се обезбеди еднаков пристап до вода за пиење за сите граѓани во државата преку инвестиции во нова и одржување на постојната инфраструктура. Исто така, потребен е почест мониторинг на квалитетот на водата за пиење, а за поефективна контрола и санкционирање на загадувачите, потребен е редовен инспекциски надзор. Ова се дел од препораките на учесниците на дискусијата со граѓани „Достапна и чиста вода за сите“, која ја спроведе Институтот за европска политика (ЕПИ) во соработка со Институтот за комуникациски студии (ИКС) во рамки на кампањата „Разбистри сè“.

ЖИВОТНА СРЕДИНА Градоначалничката на ВМРО-ДПМНЕ, Данела Арсовска наместо да ги зголеми ги намалува парите за животна средина. И тоа за три пати помалку. Ова е уште една во серијата погрешни одлуки на Данела Арсовска на штета на скопјани, изјави денеска на прес конференција Стефан Васев од СДСМ. За Секторот за животна средина за 2022 година во Предлог Буџетот на Град Скопје предвидени се 73 милиони денари. Три пати помалку од буџетот за оваа година кога поранешниот градоначалник Петре Шилегов обезбеди 213 милиони денари.

МОНИТОРИНГ Мониторингот на јавните набавки во земјава покажува низа слабости кои укажуваат на договарање меѓу институциите и понудувачите,  соопшти Центарот за граѓански комуникации (ЦГК) кој денеска го објави Извештајот од редовниот мониторинг на јавните набавки спроведени во периодот од јануари до јуни 2021 година.

Според наодите од Извештајот, во првото полугодие од 2021, преку нетранспарентната постапка со преговарање без објавување оглас се склучени договори во вредност од 7,9 милиони евра и тие слабости, како што наведува ЦГК,  се присутни на тендерите кои ги спроведуваат институциите и на национално и на локално ниво.

РЕАКЦИЈА Единствената партија на Македонците во Албанија, Македонска алијанса за европска интеграција (МАЕИ) реагираше во врска со, како што наведе, „последното однесување на бугарската Амбасада во Тирана, со цел вештачко прикажување на Бугари во областа Голо Брдо“.

– Партијата Македонска алијанса за европска интеграција, го осудува однесувањето на бугарската Амбасада во Тирана, која во пресрет на новогодишните празници им дели подароци за пропагандни цели на учениците од гимназијата „Елез Кочи“ во Острени и училиштето „10 покојници” во Требиште, во областа Голо Брдо, претставувајќи ги како бугарски ученици, се наведува во партиската реакција.

МАЕИ додава дека во областа Голо Брдо немало и нема бугарско малцинство, туку со векови тука живеат само Македонци, кои се горди на тоа.

МЕГА ИНТЕРВЈУ

Рангелова (1 ДЕЛ): Мицкоски го избраа негови блиски луѓе, во партиите владее клиентелизам, институциите не реагираат на говорот на омразата

Даниела Рангелова

Прв од трите делови на мега интервјуто со Даниела Рангелова, во кое отворено говори за политичките состојби во земјава, за минатото, сегашноста и иднината на ВМРО-ДПМНЕ и за говорот на омразата чија мета е и самата.

Даниела Рангелова е една од најмаркантните жени во македонската политика. Некогаш блиската соработничка на поранешниот премиер Никола Груевски, за себе вели дека никогаш не отстапила од сопствените ставови. Во јавноста е позната како и како лидерка на Унијата на жените при ВМРО-ДПМНЕ. Како пратеничка од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, Рангелова беше претседателка на Комисијата за еднакви можности на жените и мажите во македонскиот парламент, како и на низа други собраниски тела и комисии. Во текот на нејзината долга политичка кариера, поради директниот и критички настап за клучни прашања во општеството и политиката, често била и е мета на говорот на омразата од различни страни, вклучително и од нејзината партија.

АКЦИЈА 

Европски вредности на „Плоштад Слобода“ и на скверот на „Партизанска“

Активист(к)ите на ЦИВИЛ денеска одржаа инфо-штандови посветени на промоција на европските вредности и интеграции, на скверот на „Партизанска“, кај зградата на „Службен весник“ и на „Плоштад Слобода“ во центарот на Скопје.

На инфо-штандот, активист(к)ите на ЦИВИЛ во директна комуникација со граѓанките и граѓаните имаа можност да слушнат и споделат размислувања и ставови во однос на европските вредности, мултикултурализмот и недискриминацијата.

ДИСТРИКТ 

Во Дистрикт на Цивил Прес Студио – интервју на Зоран Иванов со Сефер Селими, политиколог, граѓански активист, политички аналитичар.

Тој зборува за: Македонската политичка сцена, партиите и коалициите, граѓаните и општеството, Отворен Балкан и ЕУ и за уште по нешто.

СЛОБОДНА ЗОНА

Не грижете се, веќе е познато како ќе изгледа 2022 година. Светот ќе продолжат да го тресат постојните кризи, веројатно уште посилно. Проблематичниот процес на вакцинација во сиромашните држави ќе им даде замав на новите варијанти на КОВИД. Демократијата и демократските процеси во светот, како и во 2021 година, ќе бележат надолни трендови, отстапувајќи пред наездата на насилството, кршењето на човековите права и деспотските режими. Извештајот на Фридом Хаус 2021, констатира дека „меѓународниот баланс се помести во корист на тиранијата“, пишува Џабир Дерала во едитиријалот „Од тешко, потешко“.

Зоран Заев ги поремети повеќето „правила“ во вака воспоставениот систем на информирање, вклучувајќи ја и работата на неговата партиско-владина пропаганда: во последните четири-пет години тој стана достапен, 24/7, буквално до сите новинари, стотици, кои имаа потреба или желба нешто да го прашаат. Од нивните телефони би можело да се „искројат“ стотици афери, ако ви е тоа намерата. Познавам, а и соработувам со десетина новинари кои дневно разменуваа по 3-4-5 пораки со доскорешниот премиер, за сѐ и сешто од владините и партиските активности, без никакви уредувачки, идеолошки или „бизнис“ насоки (а и последици!) од повисоките медиумски инстанции., читајте во новата колумна на Сашо Орданоски „Режим“ од кој „диктаторот“ сам си даде оставка – многу јако!“

Д. Мишев

Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Скриншот од видео на ДИК

    Локалните избори 2025 се официјално и конечно завршени, објави ДИК

    306 shares
    Share 122 Tweet 77
  • „Ние сме далеку пред Албанија“ – Зошто оваа изјава на премиерот Мицкоски е важна за европската приказна на Северна Македонија

    119 shares
    Share 48 Tweet 30
  • Изгледа гатачката на Грујо ја вратиле во Царина, Мицкоски почна да споделува вести од иднината

    114 shares
    Share 46 Tweet 29
  • Локалните избори во Косово Избори без апсолутен победник, но со пораки за партиите

    97 shares
    Share 39 Tweet 24
  • Пендаровски: Ниту една земја што се затворила не станала голема, изолацијата не е добра

    96 shares
    Share 38 Tweet 24
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ