По вчерашните инциденти во затворот „Шутка“ каде беа нападнати обивнетите за организатори на настаните од 27 април 2017 во Собранието, Миле Јанакиевски и Спиро Ристовски, премиерот Зоран Заев денеска побара оставка од директорот на затворот „Шутка“ Ѓоко Котевски. Заев го осуди нападот и наведе дека независно кој е виновен за инцидентот, одговорноста ја сноси директорот на затворот. Оставката премиерот ја очекува во понеделник.
Министерството за правда излезе со остра осуда за вчерашните инциденти, па така оваа одлука на Заев, министерката за правда Рената Дескоска ја поддржува.
Десковска изјави дека ќе има истрага за да се види кај е направен пропустот и дека мора да има одговорност на оној што дозволил двете групи да стапат во контакт.
За случајот, смета Дескоска, доколку се покаже дека имало и физички напад, просто за истрага има и јавниот обвинител, но со прашањето треба да се занимава и Народниот правобранител.
Б. Ј.