На Конференцијата #Перспективи2019 јавноста имаше можност да ги види и слушне оние што со години беа и останаа остри критичари на лошите политики и практики, без оглед на тоа која партија е на власт.
Конференцијата се одржа на 13 февруари во Кино Култура, а свои излагања имаа германскиот амбасадор Томас Герберих и Министерката за труд и социјална политика, Мила Царовска, проф. Мирјана Најчевска, Џевдет Хајредини (поранешен министер за финансии), Александар Кржаловски (МЦМС), Мерсиха Смаиловиќ (Легис), Кочо Андоновски (Центар за поддршка на ЛГБТИ+) и Фатон Алити.
Во име на ЦИВИЛ, говореа Биљана Јордановска, Дехран Муратов и Џабир Дерала.