• Latest

Осум години по „крвавиот четврток“

April 27, 2025
Фото: Скриншот од видео на France24

Раните излезни анкети покажуваат дека центристичкиот градоначалник на Букурешт, Никусор Дан, е на пат да победи на романските претседателски избори

May 18, 2025
Фото: Претседател на Украина

Зеленски во Рим се сретна со потпретседателот на САД Венс и државниот секретар Рубио

May 18, 2025
Фото: Х

Андриј Сибига: Вечно сеќавање на невините жртви на геноцидот врз кримските Татари, должност ни е да ја вратиме правдата и да обезбедиме одговорност за сегашните и минатите злосторства кои немаат рок на траење

May 18, 2025
Фото: Х

Амбасадорката Дир: Крим е Украина, кримските Татари се народ што се спротивставува и памти

May 18, 2025
Фото: А. Мехмети/ЦивилМедиа

Емпатија кон суверенот

May 18, 2025
Фото: Скриншот од видео на FRANCE24

Романија, Полска и Португалија денес гласаат на тесни и неизвесни избори, клучни за нивната иднина

May 18, 2025
Депортација на кримските Татари, 1944 (фото извор Ukrainian Institute of America)

ЦИВИЛ го одбележува 18 мај: Солидарност со кримските Татари против историските и тековните репресии

May 18, 2025
Фото: Скриншот од видео на CBC News

ФБИ: Фаталната експлозија во близина на клиниката за плодност во Палм Спрингс е терористички чин 

May 18, 2025
Фото: Скриншот од видео на WION

Хамас предлага ослободување на повеќе заложници во новите разговори за прекин на огнот по израелската офанзива

May 18, 2025
Фото: Скриншот од видео на ВВС

Во Ватикан се одржува инаугурациската миса на папата Лео XIV, Зеленски и Џ. Д. Венс меѓу присутните

May 18, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ПОЛИТИКА

Осум години по „крвавиот четврток“

April 27, 2025 13:42
in ВЕСТИ, ПОЛИТИКА, ТОП 5
Share on FacebookShare on Twitter

На 27 април 2017 година познат како „Крвавиот четврток“, се случи насилен упад во македонското Собрание по изборот на Талат Џафери за претседател на Собранието.

Упадот следеше по месеци политичка криза, откако ВМРО-ДПМНЕ не успеа да состави влада, а коалицијата на СДСМ и ДУИ успеа да обезбеди парламентарно мнозинство. Дел од поддржувачите на ВМРО-ДПМНЕ, заедно со организирани групи од иницијативата „За заедничка Македонија“, го блокираа нормалното конституирање на парламентот.

Во насилствата беа брутално нападнати пратеници од опозициските партии, меѓу кои Зоран Заев (тогаш лидер на СДСМ), Дамјан Манчевски, Радмила Шекеринска, Зијадин Села (лидер на Алијансата за Албанците, кој беше особено тешко претепан) и други. Имаше и физички напади врз новинари и вработени во Собранието.

Осум години подоцна, овој ден останува симбол на политичка радикализација, етнички тензии и борба за владеење на правото.

Хронологија на настаните

  • 16:00 часот — Пратениците на СДСМ и коалициските партнери, по месеци блокада, избираат нов претседател на Собранието: Талат Џафери.
  • 16:30 часот — Преку отворен влез, група демонстранти, поттикнати од протестите на иницијативата „За заедничка Македонија“, насилно влегуваат во Собранието.
  • 17:00–18:00 часот — Следуваат брутални напади врз пратеници, најтешко повредени се Зоран Заев, Радмила Шекеринска и Зијадин Села, кој е извлечен од толпата во бесознание.

  • 18:30 часот — Полицијата влегува во зградата дури по повеќе од еден час, со спорна бавност и пасивност.
  • Ноќта — Пратениците се евакуирани, над 100 лица се повредени.

Судски процеси и казни

По детална истрага, Судот ги процесуираше настаните како „терористичко загрозување на уставниот поредок“.

  • Во 2019 година беа осудени:
    • 16 лица на вкупно 211 години затвор.
    • Меѓу осудените беа и високите функционери на МВР од времето на ВМРО-ДПМНЕ, како Митко Чавков, кој доби 18 години затвор.
  • Паралелно, за упадот беа покренати уште неколку паралелни процеси за други инволвирани лица.

Амнестија

На крајот на 2018 година, Собранието изгласа Закон за амнестија за дел од учесниците.

  • 78 лица поднесоа барање за амнестија.
  • Од нив, 65 лица беа амнестирани.
  • Амнестијата не ги опфати организаторите и лицата обвинети за тешки дела како тероризам.

Случајот „Организатори на 27 април“, кој ги таргетираше политичките и безбедносните врвови од тоа време, сè уште трае, со повеќемина осудени и обвинети.

Основниот Кривичен суд Скопје на 23 јануари 2025 година го уважи барањето за амнестија на обвинетите за случајот „Организатори на 27 април“ – ексминистрите Миле Јанакиески и Спиро Ристески, поранешниот собраниски спикер Трајко Вељановски и поранешниот директор
на УБК, обвинетиот Владимир Атанасовски.

Судот донесе решение со кое барањето за амнестија на обвинетите се уважува и се запира постапката за обвинетите за кривичното дело загрозување на уставниот поредок на државата.

Судијата Илија Трпков, на почетокот посочи дека настаните во Собранието на 27 април 2017 година не се ниту сечени, ниту монтирани, туку вистински, порачувајќи дека ова е демократска земја и секој има право да порачува што смета, а ние судиите треба да опстанеме и издржиме во процесите.

– Уривањето на Собранието е уривање на државата. Лично и како Совет се уште сме на ставот дека интенцијата на законодавецот со Законот за амнестија беа да не се амнестираат организаторите, но секогаш има едно но, и ЈО и Апелација одлучувале дека тројцата обвинети тука не постапиле спротивно од овластувањата, изјави Трпков.

Овие обвинети тука, посочи тој, се исти со останатите обвинети во овој суд кои биле амнестирани.

– На крајот ќе излезе дека обвинетите за 27 април сами се организирале и влегле да кршат во Собрание. Тоа им е јасно на сите и на осудените во затворите дека тоа не е можно. Дека не е можно да се пробие полициски кордон на спортски натпревари, а не во Собрание. Но, некој побара од државата да биде амнестиран. Лично јас сметав дека обвинетите ќе одат до крај и ќе го докажат дека не се вмешани, но тоа е нивна одлука и треба да се почитува, изјави Трпков.

На македонската јавност, нагласи судијата Трпков, и е јасно за кого се носат и како се толкуваат законите.

– За кршењето на законодавниот дом и тепањето национални претставници не може да се каже дека е патриотски чин. Таквото постапување не е патриотско. Најголемиот дел од осудените за овие случаи убеден сум дека се патриоти, и сигурен сум дека со одлуката што следи ќе предизвика остри чувства. И пораката за нив е наведнете ја главата и побарајте прошка од државата како што го направија овие тука. Не дозволувајте некој повторно да ве манипулира. Државата се сака со дела, нагласи Трпков.

Здружението на новинарите на Македонија (ЗНМ) изрази сериозна загриженост поради неодамнешните одлуки на Апелациониот суд Скопје, донесени во април 2025 година, со кои беа одбиени жалбите на новинарите нападнати за време на настаните во Собранието на 27 април 2017 година.

Според ЗНМ, овие одлуки испраќаат поракa дека нападите и заканите кон новинари може да останат несанкционирани, што, како што велат од здружението, го поткопува правото на безбедно и слободно новинарство.

Во соопштението од ЗНМ се наведува дека одлуките се донесени и покрај тоа што Уставниот суд претходно веќе утврдил дека ограничувањето на слободата на изразување во контекст на насилни настани е спротивно на Уставот и Европската конвенција за човекови права.

Ј. Ѓорѓиоски / извор: Фронтлајн

Print Friendly, PDF & Email
Share34Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Љупчо Георгиевски, претседател на ВМРО НП (Фотографија: Џ. Дерала/ЦИВИЛ)

    Георгиевски: За време на геноцидот во Сребреница, најголемиот дел од македонското општество беше наклонет кон Србија, за што секој искрен Македонец треба да се срами

    96 shares
    Share 38 Tweet 24
  • ФБИ: Фаталната експлозија во близина на клиниката за плодност во Палм Спрингс е терористички чин 

    88 shares
    Share 35 Tweet 22
  • Влатко Ѓорчев сега не го интересира изгор цената на црешите, важно краставиците да се евтини

    87 shares
    Share 35 Tweet 22
  • Убиства пред полициска станица, во кафич, дома пред детето наспроти благодарницата на Тошковски

    87 shares
    Share 35 Tweet 22
  • Група британски парламентарци бараат санкции против Вучиќ и промена на политиката кон Србија

    86 shares
    Share 34 Tweet 22

CIVIL MEDIA NEWSLETTER

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ