• Latest

Откажан концертот по повод 20 години од Рамковниот договор за да се спречи ширење на Ковид-19

August 11, 2021

Руски разузнавач уапсен во Белград, а потоа ослободен следниот ден

November 13, 2025
Фотографија: WIkimedia Commons

КОП30: Активисти бараат глобален договор за укинување на фосилните горива

November 13, 2025

САД го бојкотираат самитот на Г20 во Јужна Африка

November 13, 2025

ДЕМОКРАТСКИ НАВИГАТОР ВО КУМАНОВО: Од локални гласови до заедничка иднина

November 13, 2025
Фото: Инстаграм

(ВИДЕО) Глувци шетаат во тоалет во студентскиот дом „Пелагонија“ во Скопје – студентите добиле одговор: „Од глувци ли се плашите?“

November 13, 2025
Скриншот од видео на
Просто Путин

„Не е гостилница за верници на Путин“ – Контроверзниот руски рапер доби забрана за влез во Литванија

November 13, 2025
Александар Сирскиј, Врховен командант на вооружените сили на Украина. Фото: Фејсбук

Сирски: Покровск не е опкoлен, но останува главна цел на Русија

November 13, 2025
Скриншот од видео на
BeWisePL - info z polityki polskiej i zagranicznej

„Полска би можела да биде закана за нас“, вели ко-лидерот на германската крајна десница, отфрлајќи ја секоја непосредна опасност од Русија

November 13, 2025
Фото: wikimedia commons

Европа и Блискиот Исток во трка за имотите на „Лукоил“ пред санкциитена САД – а кај нас?

November 13, 2025
Фото: Фејсбук на руската амбасада во Македоија/Иван Стоиљковиќ

Вицепремиерот Стоиљковиќ со нервозна реакција на новинарско прашање од ЦИВИЛ – тенденциозна и потпалувачка порака на социјалните мрежи

November 13, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ВЕСТИ

Откажан концертот по повод 20 години од Рамковниот договор за да се спречи ширење на Ковид-19

August 11, 2021 14:46
in ВЕСТИ, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Првиот вицепремиер и министер за политички систем и односи меѓу заедниците Артан Груби изјави дека е откажан големиот концерт по повод прославата на 20 години од Охридскиот рамковен договор со што Министерството покажува доблесност и ги уважува препораките за заштита од Ковид-19. Ова Груби го истакна во Тетово каде на Универзитетот на Југоисточна Европа се одржа панел-дискусија по повод 20 годишнината од Охридскиот договор.

-Согласно програмата за одбележување на Охридскиот рамковен договор предвиден огромен концерт на плоштадот Македонија во Скопје, вечерта на 13 август кој што решивме ние како Министерство да го одложиме, да не го одржиме, согласно новите состојбите со инфекциите од коронавирусот и затоа покажуваме дека сме доблесни и дека разбираме и ги откажуваме сите можни манифестации каде има ризик од зараза, изјави Артан Груби.

Сепак останува да се одржи прослава во хотел каде се предвидени да присуствуваат околу 200 луѓе.

-Сите настани и денешниот се согласно протоколи за Ковид и централниот настан во хотел Александар Палас на 13 август ќе биде во сала која собира 1500 луѓе а ќе присуствуваат не повеќе од 200 луѓе кои ќе носат маски, ќе бидат со оддалеченост поголема од 1,5 метар еден од друг, мерење на температура пред влезот. Затоа не ја разбирам оваа масовна хистерија по социјални мрежи. Се надевам дека не се однесува на Охридскиот рамковен договор и на неговата имплементација туку е навистина е загриженост на сите тие околу здравствените протоколи, рече вицепремиерот Груби.

На панел дискусијата на Универзитетот на ЈИЕ, првиот вицепремиер и министер посочи дека на неколкуте вакви средби досега главна забелешка е спроведувањето на уставните одредби од тој документ.  Тој образложи дека имплементацијата претставува секојдневен и доживотен процес, а дека следува фаза која ќе ги опфати децентрализацијата и регионалниот рамномерен развој.

-Главната забелешка е во однос на имплементирањето во однос на одредбите од Рамковениот договор при што сите констатираме дека нормативниот дел кој произлегува од Охридскиот рамковен договор и Уставот согласно рамковниот договор е веќе усвоен од Собранието и институциите додека имплементицијата е секојдневна и доживотна. Затоа што се работи на имплементација на уставни одредби и на законски одредби кои се законска обрвска на сите нас и како граѓаните и како институции. Затоа сметам дека се уште има потреба и има простор за унапредување посебно на правичната и адекватна застапеност но и на рамномерниот развој на регионите. Со придонес на академикот Беџети ги усвоивме законите во Владата, се поднесени во Собранието и се надеваме дека ќе се усвојат во следните неколку недели за да пристапиме зи кон рамномерен регионален развој како предусловите за понатамошна децентрализација. Ја продлабочуваме и фискалната и институционалната децентрализација за да ги појачаме општините за да бидат вистински сервис кон граѓаните, изјави Груби.

На панел-дискусијата учествуваа министри на ДУИ, професори и студенти.  На новинарско прашање зошто нема од другите политички партии Груби рече дека биле поканети на повеќе начини, но оти не дошле.

Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Скриншот од видео на ДИК

    Локалните избори 2025 се официјално и конечно завршени, објави ДИК

    306 shares
    Share 122 Tweet 77
  • „Ние сме далеку пред Албанија“ – Зошто оваа изјава на премиерот Мицкоски е важна за европската приказна на Северна Македонија

    114 shares
    Share 46 Tweet 29
  • Изгледа гатачката на Грујо ја вратиле во Царина, Мицкоски почна да споделува вести од иднината

    113 shares
    Share 45 Tweet 28
  • Локалните избори во Косово Избори без апсолутен победник, но со пораки за партиите

    97 shares
    Share 39 Tweet 24
  • Пендаровски: Ниту една земја што се затворила не станала голема, изолацијата не е добра

    96 shares
    Share 38 Tweet 24
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ