• Latest

Отпуштени работници во ТВ Алфа поради синдикални активности, имаме уште многу да научиме за демократијата, 10 години од Црниот понеделник, прв случај на Омикрон во земјава

December 24, 2021
Foto: Wikimedia Commons

ОН: Само во октомври повеќе од 260 напади врз Палестинци во Западен Брег

November 14, 2025
Американските воздушни сили, USAF (Photo by Hans Dorries on Unsplash)

САД одобрија продажба на воени авиони и делови на Тајван во вредност од 330 милиони долари

November 14, 2025
Фото: Скриншот, видео Х

Шест загинати во рускиот напад врз Кијив, Азербејџан упати силен протест до Москва откако руска ракета ја оштети и нивната амбасада

November 14, 2025
Фото: Скриншот, видео Гардијан

Демонстранти го блокираа главниот влез на зградата каде се одржува КОП30

November 14, 2025

Марш на ангелите – 30-тиот протесен марш за правда во Скопје

November 14, 2025
Фото: Фејсбук  на Љубомир Костовски

Министерот што подигнува само рачна, говори за брзината на пругите!

November 14, 2025

Богати странци плаќале по 80.000 фунти за „сафари викенд“ за да убиваат цивили за време на опсадата на Сараево

November 14, 2025

Анализа на Гардијан: Климатското финансирање оди во погрешни раце – Кина, Саудиска Арабија и ОАЕ меѓу најголемите добитници

November 14, 2025
Фотографија: Скриншот

Новиот исламофобичен говор на Додик – радикална реторика што потсетува на воените злосторници од 90-тите, алармираат аналитичари и ОБСЕ

November 14, 2025
Фото: украинската амбасадорка Лариса Дир/Х

Амбасадорката Дир: Масовен напад врз Кијив, Харкивскиот и Одескиот регион, има загинати и повредени, руските окупатори продолжуваат да напаѓаат врз луѓето

November 14, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ДНЕВНИК

Отпуштени работници во ТВ Алфа поради синдикални активности, имаме уште многу да научиме за демократијата, 10 години од Црниот понеделник, прв случај на Омикрон во земјава

December 24, 2021 17:38
in ВЕСТИ, ДНЕВНИК, ТОП 5
Share on FacebookShare on Twitter

ВЕСТ НА ДЕНОТ

Одлуката на директорот на ТВ Алфа да отпушти шестмина работници поради синдикални активности се толкува како реваншизам и одмаздољубие

Самостојниот синдикат на новинари и медиумски работници (ССНМ) и Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ) денеска на прес-конференција реагираа на одлуката на директорот на Телевизија Алфа да отпушти шест работници, членови на Синдикатот, меѓу кои и еден од синдикалните претставници на ССНМ во овој медиум.

– Сакам да ве информирам, да укажам и да побарам поддршка во оваа прилика за шестемина наши колеги, членови на ССНМ, кои оваа недела добија откази во Телевизија Алфа и наместо редовни плати, додатоци и К-15 за новогодишните празници, добија неизвесност за нивната егзистенција, но и за нивните семејства, откако директорот на Алфа телевизија, Јани Бојаџи во знак на реваншизам им врачи откази, спротивни на Законот за работни односи, изјави претседателот на Синдикатот, Павле Беловски.

ИЗЈАВА НА ДЕНОТ

Ивановска: Власт се освојува, демократија се учи, а ние имаме уште многу да научиме

„Власт се освојува, демократија се учи, а ние имаме уште многу да научиме, и како што спомна и Џабир, фали искреност и свест, се вистинските зборови коишто треба да ги исполниме, за да ја научиме демократијата и да имаме демократска власт“, порача на крајот од својот говор претседателката на ДКСК, Биљана Ивановска на презентацијата на ЦИВИЛ за анализите и препораките за Локалните избори 2021

 ФЛЕШ ВЕСТИ

КОВИД 19 Првиот случај на сојот Омикрон на вирусот SarsCoV2 денеска е детектиран во Република Северна Македонија, информираат од Министерството за здравство. Секвенционирањето е направено во приватната болница Жан Митрев во Скопје, кај маж кој во земјава допатувал од Велика Британија. Во моментот пациентот има лесна клиничка слика и се лекува во изолација во својот дом

ОДБРАНА Пред претседателот на Република Северна Македонија, Стево Пендаровски, денеска во Домот на Армијата во Скопје беше презентирана состојбата со борбената подготвеност на Армијата на Република Северна Македонија во тековната година, кое е редовна обврска на началникот на Генералштабот кон врховниот командант.

На брифингот, од страна на началникот на Генералштабот, генерал-потполковник Васко Ѓурчиновски и директорот на Генералштабот, генерал-мајор, Зоран Милески, пред претседателот Пендаровски, министерката за одбрана Радмила Шекеринска, генералите во Армијата и претставници од кабинетите на претседателот и Министерството за одбрана, беше претставена состојбата и реализацијата на планираните активности во функционалните области, кои се дел од борбената готовност.

РОДОВА ЕДНАКВОСТ Со Стратегијата за родова еднаквост 2021-2026 ќе се воспостави сеопфатна рамка на активности за унапредување на родовата еднаквост и  статусот на жените, рече министерката за труд и социјална политика Јагода Шахпаска на јавната дебата на Комисијата за еднакви можности на жените и мажите. Таа посочи дека целта на Стратегијата е да обезбеди  потполна родова еднаквост, зајакнување на положбата и статусот на жената во општеството, еднаков пристап до ресурси и еднакво учество во донесување на одлуки во сите сфери на општествено живеење.

ЦРН ПОНЕДЕЛНИК 24 декември е еден од најцрните датуми во нашата демократија.Пред девет години на овој ден, режимската ВМРО-ДПМНЕ го погази плурализмот, ја загрози слободата на говор и ги погази демократските права и слободи, објави Центарoт за комуникации со јавноста на СДСМ. На 24 декември 2012 година, ВМРО-ДПМНЕ раководена од Никола Груевски прво насилно ги избрка новинарите и снимателите од пленарната сала на Собранието, а потоа на насилен и подмолен начин, злоупотребувајќи го собраниското обезбедување и полицијата, ги исфрли од салата и пратениците на СДСМ.

ОБВИНИТЕЛСТВО Основниот суд Струга го прифатил предлогот на Основното јавно обвинителство и му одредил мерка притвор во траење од осум дена на 57-годишниот професор по англиски јазик, кој вчера со метален боксирач нападнал ученик во гимазијата „Ибраим Темо“. Основното јавно обвинителство – Струга соопшти дека повело постапка против 57 – годишен професор од Струга, за кого постои основано сомнение дека го сторил кривичното дело „насилство“. Осомничениот, како што соопшти Обвинителството, вчера околу 12 часот и 30 минути, со боксирач удрил во пределот на главата на оштетениот ученик на возраст од 18 години.

ГАСИФИКАЦИЈА Европската инвестициска банка (ЕИБ) обезбеди заем од 28,9 милиони евра за изградба на делницата во земјава на гасниот интерконектор со Грција. Заемот од ЕИБ е надополнување на грантот од 12,4 милиони евра од Инвестициската рамка за Западен Балкан (WBIF) за техничка помош и имплементација на проектот. Договорот за заемот за реализација на делницата долга 68 километри, која почнува од границата близу Гевгелија и завршува близу до Неготино, вчера го потпишаа министерот за финансии Фатмир Бесими и потпретседателката на ЕИБ одговорна за Западен Балкан, Лилјана Павлова. Оваа инвестиција ќе придонесе за диверзификација на енергетските извори и сигурност на снабдувањето со енергија, обезбедувајќи социоекономски развој и интеграција во енергетскиот пазар во регионот и ЕУ.

ВОСПИТУВАЊЕ Штитеници од малите групни домови при Јавната установа за згрижување деца со воспитно социјални проблеми и нарушено поведение „25 Мај“ – Скопје, денеска предновогодишно се дружеа со министрите за внатрешни работи и за труд и социјална политика, Оливер Спасовски и Јагода Шахпаска, како и со претставници на Одделот за специјални полициски операции (ОСПО).

ФЕСТИВАЛ Под мотото „Каде бајките оживуваат“ ќе се одржи 12. издание на Меѓународниот филмски фестивал за анимирани филмови „Анимакс Скопје Фест“. На Фестивалот ќе бидат прикажани 25 анимирани филмови во официјалната програма и девет анимирани филмови наменети за детската публика. Филмовите во официјална конкуренција се избрани од огромен број анимации, меѓу кои и од Франција, Велика Британија, Германија, Шпанија, Русија и Бразил.

ЕСПОРТ Во текот на престојаниот викенд, па се до 28 декември, Македонската Еспорт Организација организира натпреварувања во три игри кои се дел од „Gaming Week“. Предвидена е „League of Legends“ една од најиграните игри кај младата популација со натпреварување 1 против 1 за денеска, потоа популарната „Dota 2“ со натпреварување 1 против 1 утре и мега популарната дисциплина кај нас и интернационалната сензација „Counter-Strike: Global Offensive“ 2 против 2 в недела. Два дополнителни дена, понеделник и вторник, се одвоени за популарни македонски стримери на платформите „Јутјуб“ и „Твич тв“ ширум целата држава.

ИЗБОРЕН МОНИТОРИНГ

На јавниот настан на ЦИВИЛ во кој се презентираше Финалниот извештај, анализи и препораки што произлегуваат од изборниот мониторинг на ЦИВИЛ „Локални избори 2021: Научени лекции“, членот на Државната изборна комисија (ДИК), Борис Кондарко истакна дека не се согласува со формулацијата „нефункционирање“ на фингерпринт апаратите, бидејќи од 3.480 избирачки места, само во 6 избирачки места не работеа фингерпринт апаратите поради технички причини.

ДИСТРИКТ

Во Дистрикт на Цивил Прес Студио – интервју на Зоран Иванов со Младен Чадиковски – новинар, репоретер, уредник, Главен уредник, актуелен Претседател на Здружението на новинарите на Македонија.

Тој зборува за: Телевизиското новинарство во култната А1 и денес, новинарството и политиката, медиумите и партиите, актуелните политички збиднувања, ЗНМ и за уште по нешто.

Д. Мишев

Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Скриншот од видео на ДИК

    Локалните избори 2025 се официјално и конечно завршени, објави ДИК

    306 shares
    Share 122 Tweet 77
  • „Ние сме далеку пред Албанија“ – Зошто оваа изјава на премиерот Мицкоски е важна за европската приказна на Северна Македонија

    119 shares
    Share 48 Tweet 30
  • Изгледа гатачката на Грујо ја вратиле во Царина, Мицкоски почна да споделува вести од иднината

    113 shares
    Share 45 Tweet 28
  • Локалните избори во Косово Избори без апсолутен победник, но со пораки за партиите

    97 shares
    Share 39 Tweet 24
  • Пендаровски: Ниту една земја што се затворила не станала голема, изолацијата не е добра

    96 shares
    Share 38 Tweet 24
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ