• Latest

Отворените листи и една изборна единица ќе ја унапредат македонската демократија – Партиите сеуште без компромис за ова свое ветување

December 27, 2021

Поранешниот министер за правда Кренар Лога се повлекува од партиските функции во АА

November 14, 2025
Foto: Wikimedia Commons

ОН: Само во октомври повеќе од 260 напади врз Палестинци во Западен Брег

November 14, 2025
Американските воздушни сили, USAF (Photo by Hans Dorries on Unsplash)

САД одобрија продажба на воени авиони и делови на Тајван во вредност од 330 милиони долари

November 14, 2025
Фото: Скриншот, видео Х

Шест загинати во рускиот напад врз Кијив, Азербејџан упати силен протест до Москва откако руска ракета ја оштети и нивната амбасада

November 14, 2025
Фото: Скриншот, видео Гардијан

Демонстранти го блокираа главниот влез на зградата каде се одржува КОП30

November 14, 2025

Марш на ангелите – 30-тиот протесен марш за правда во Скопје

November 14, 2025
Фото: Фејсбук  на Љубомир Костовски

Министерот што подигнува само рачна, говори за брзината на пругите!

November 14, 2025

Богати странци плаќале по 80.000 фунти за „сафари викенд“ за да убиваат цивили за време на опсадата на Сараево

November 14, 2025

Анализа на Гардијан: Климатското финансирање оди во погрешни раце – Кина, Саудиска Арабија и ОАЕ меѓу најголемите добитници

November 14, 2025
Фотографија: Скриншот

Новиот исламофобичен говор на Додик – радикална реторика што потсетува на воените злосторници од 90-тите, алармираат аналитичари и ОБСЕ

November 14, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ОПШТЕСТВО

Отворените листи и една изборна единица ќе ја унапредат македонската демократија – Партиите сеуште без компромис за ова свое ветување

December 27, 2021 12:55
in ВЕСТИ, ОПШТЕСТВО, ПОЛИТИКА, ТОП 5
Share on FacebookShare on Twitter

Измените во Изборниот Законик со цел воведување на отворени листи, како и гласањето во една изборна единица се очекува да ја унапредат македонската демократија, но партиите сеуште се немаат усогласено по ова прашање и дадено ветување – ова е заклучокот на завршната Конференција на тема „Измена и дополнување на Изборен Законик – Отворени листи“. Настанот имаше за цел презентација на спроведените активности за реализација на законските измени објавени од Владата за измена и дополнување на Изборниот Законик во делот на воведување на отворени листи. Свои обраќања имаа Херолинд Сакипи, мобилизатор на заедницата и автор на Проектот, Благица Димитровска, претседателка на Здружението „Инклузива“ од Куманово, Џабир Дерала од ЦИВИЛ, активист за човекови права, писател и новинар, и Бојан Кордалов, комуниколог.

Немало постигнат консензус помеѓу политичките партии за да се менува моделот и да се премине на гласање со отворени листи за советници на локалните Избори, посочи Херолинд Сакипи, мобилизатор на заедницата и автор на Проектот.

„Според направената анализа за изминатиот период констатирав дека значаен дел од препораките на ОБСЕ/ОДИХР за измени на Изборниот Законик се усвоени, но дека не е прифатен моделот на отворени листи и препораката во врска со прагот на потребните потписи за независните кандидати, како и дека одредбите за биометриска идентификација на гласачи се имплементира“, потенцира Сакипи на завршната Конференција.

На средбите кои тој ги остварил со претставници на парламентарните партии, се дискутирало и за изборните единици, а било заклучено дека е потребен широк и кохезивен меѓупартиски консензус за кој е неопходно повеќе време со цел да се дојде до конечен договор кој би бил прифатлив за сите.

Лицата со попреченост имаат еднакви изборни права, кои на изборниот ден во поголема мера не се почитуваат – посочи Благица Димитровска, претседателка на Здружението „Инклузива“

„Како држава ја имаме ратификувано Конвенцијата за правата на лицата со попреченост во 2011 година и во член 29 постои обврска за создавање на услови за еднакви изборни права за лицата со попреченост како гласачи, кандидати и набљудувачи. Од 2018 година ‘Инклузива’ врши мониторинг на изборните процеси со набљудувачи со попреченост и за сите избори има подготвено извештаи со препораки, а најголемиот дел од препораките се преклопуваат со препораките на ОБСЕ/ ОДИХР“, истакна Димитровска.

Како што посочи таа, „Инклузива“ и Државната изборна комисија (ДИК) склучиле Меморандум за соработка во 2018 година и оттогаш наваму заеднички создале материјали за поддршка на гласачите со попреченост како што се Шаблонот на Брајово писмо, граничникот за потпис и сликовити прикази за процесот на гласање.

„Сеуште постојат многу бариери за еднакви изборни права на оваа категорија на граѓани, како што се системските бариери, непристапноста до гласачките места и некористење на материјали за поддршка на изборниот ден. Правото на избирачите со попреченост не е привилегија, туку е обврска за државата и изборните органи!“, заклучи Димитровска.

„Претставници на граѓанското општество, релевантните институции, експертската заедница и меѓународните организации, во процес предводен од Министерството за правда, донесоа голем број решенија во инклузивна постапка и навремено. Но кога тие решенија доаѓаат на масата пред политичките партии, ништо повеќе не е онака како што се предлага и планира“ – рече, меѓу другото, Џабир Дерала од ЦИВИЛ, во своето излагање на конференцијата.

Една изборна единица ќе овозможи одржлива демократија, а воведувањето на отворени листи ќе значи поголема власт за граѓаните наместо за партиите – смета Бојан Кордалов, комуниколог – специјалист за односи со јавност и нови медиуми.

„На претходните неколку изборни циклуси граѓаните испратија две многу јасни пораки. Првата, дека не се задоволни од политичката понуда кај нас и бараат таа да се проширува и прилагодува, а втората е дека граѓаните сакаат и гласаат за пошаренолики понуди како што е тоа случај со општинските совети. Воведувањето на ветените реформи во Изборниот законик ќе овозможи одржлива демократија, односно ќе оневозможи која било од големите партии да освои апсолутна власт. Бидејќи секогаш кога партиите на избори освојувале 60 пратеника, одговорноста кон граѓаните била многу ниска, а државата се оддалечувала од демократските процеси“, вели Кордалов.

Според него, политичарите мора да прифатат дека компромисот е главен составен дел од политиката и дека секоја власт на локално или централно ниво мора да прави компромис со другите политички претставници во коалицијата, но и од опозицијата. Потребно е, истакнува Кордалов, да престане комуникацискиот наратив дека некој некого уценува во политиката и затоа е неопходно граѓаните да гласаат само за една политичка партија. Напротив, со ваквите измени конечно ќе се создадат услови секоја власт да се „плаши“ од граѓаните, наместо како што гледаме децении наназад, граѓаните да се плашат од властите и политичарите кои ги избираат или, пак, од јавните институции кои секој од нас ги плаќа.

За време на Конференцијата беше презентирана и онлајн анкета спроведена во рамки на Проектот.

 


Повеќе инфо за Проектот: Реализатор на активностите е Херолинд Сакипи, кој е еден од избраните мобилизатори во заедницата во рамки на „Поддршка на изборните реформи“ – Проект на Швајцарската агенција за развој и соработка (СДЦ), кој го спроведуваат Меѓународната фондација за изборни системи (ИФЕС) и нејзиниот партнер, Националниот младински совет на Македонија (НМСМ). Сакипи, во рамките на проектните активности за следење на активностите поврзани со најавени измени на Изборниот Законик – воведување на отворени листи, оствари и работни средби со потпретседателката на ДИК, Дитмире Шеху, координаторот на пратеничка група, Арбер Адеми, пратениците Берат Ајдари, Мартин Костовски, Елми Азири, Моника Зајкова, Фадил Зендели, а спроведе и онлајн анкета на оваа тема.

“Поддршка на изборните реформи во Република Северна Македонија” е проект на Швајцарската агенција за развој и соработка (СДЦ) и има за цел да ги поддржи демократските и веродостојни изборни процеси кои го олеснуваат политичкото учество и социјалната интеграција со тоа што на гласачите им овозможуваат да ги изберат своите претставници и од нив да бараат отчетност. Проектот цели кон зајакнување на институциите вклучени во изборни процеси, внатрешно демократизирање на политичките партии и едукација на граѓаните.  Активностите воглавно се насочени кон три различни таргет групи, и тоа: 1) изборната администрација преку директна поддршка на Државната изборна комисија; 2) политичките партии преку директна поддршка на иницијативи на млади членови и активисти кои работат на проекти наменети за граѓаните; и 3) граѓанскиот сектор преку директна поддршка на млади мобилизатори во заедницата. Десетгодишниот проект кој стартуваше во 2019 година е имплементиран од страна на Меѓународната фондација за изборни системи (ИФЕС) во партнерство со Националниот младински совет на Македонија.

Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Скриншот од видео на ДИК

    Локалните избори 2025 се официјално и конечно завршени, објави ДИК

    306 shares
    Share 122 Tweet 77
  • „Ние сме далеку пред Албанија“ – Зошто оваа изјава на премиерот Мицкоски е важна за европската приказна на Северна Македонија

    119 shares
    Share 48 Tweet 30
  • Изгледа гатачката на Грујо ја вратиле во Царина, Мицкоски почна да споделува вести од иднината

    114 shares
    Share 46 Tweet 29
  • Локалните избори во Косово Избори без апсолутен победник, но со пораки за партиите

    97 shares
    Share 39 Tweet 24
  • Пендаровски: Ниту една земја што се затворила не станала голема, изолацијата не е добра

    96 shares
    Share 38 Tweet 24
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ