• Latest

Пандемиите што ја обликуваа човековата историја

April 17, 2020

Руски разузнавач уапсен во Белград, а потоа ослободен следниот ден

November 13, 2025
Фотографија: WIkimedia Commons

КОП30: Активисти бараат глобален договор за укинување на фосилните горива

November 13, 2025

САД го бојкотираат самитот на Г20 во Јужна Африка

November 13, 2025

ДЕМОКРАТСКИ НАВИГАТОР ВО КУМАНОВО: Од локални гласови до заедничка иднина

November 13, 2025
Фото: Инстаграм

(ВИДЕО) Глувци шетаат во тоалет во студентскиот дом „Пелагонија“ во Скопје – студентите добиле одговор: „Од глувци ли се плашите?“

November 13, 2025
Скриншот од видео на
Просто Путин

„Не е гостилница за верници на Путин“ – Контроверзниот руски рапер доби забрана за влез во Литванија

November 13, 2025
Александар Сирскиј, Врховен командант на вооружените сили на Украина. Фото: Фејсбук

Сирски: Покровск не е опкoлен, но останува главна цел на Русија

November 13, 2025
Скриншот од видео на
BeWisePL - info z polityki polskiej i zagranicznej

„Полска би можела да биде закана за нас“, вели ко-лидерот на германската крајна десница, отфрлајќи ја секоја непосредна опасност од Русија

November 13, 2025
Фото: wikimedia commons

Европа и Блискиот Исток во трка за имотите на „Лукоил“ пред санкциитена САД – а кај нас?

November 13, 2025
Фото: Фејсбук на руската амбасада во Македоија/Иван Стоиљковиќ

Вицепремиерот Стоиљковиќ со нервозна реакција на новинарско прашање од ЦИВИЛ – тенденциозна и потпалувачка порака на социјалните мрежи

November 13, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ОПШТЕСТВО

Пандемиите што ја обликуваа човековата историја

April 17, 2020 09:43
in ВЕСТИ, ОПШТЕСТВО
Share on FacebookShare on Twitter

Хернан Кортес во 1520 година по жесток напад побегнал од престолнината на Ацтеките, Теночтитлан, и додека стигнал до брегот загубил голем број од своите војници.

Но, шпанскиот освојувач не знаел дека зад себе оставил многу подеструктивно оружје од пушки и мечови… ги оставил големите сипаници.

 

Кога се вратил повторно да се обиде да го освои градот, Теночтитлан се распаѓал во епидемија што го уништувала народот на Ацтеките, структурата на неговата власт и довела до брутален пораз на империјата на Ацтеките.

Тоа бил почетокот на вековното распаѓање на домородните општества, од Огнената Земја до Беринговиот Теснец.

Од болест до напредок

Од чумата на Јустинијан во шестиот век и црната смрт во 14 век до детската парализа и СИДА, пандемиите насилно ги менувале цивилизациите, откако луѓето почнале да живеат во градовите пред илјадници години.

 

Пандемиите зеле многу човечки животи и предизвикале големи промени во областа на медицина, технологија, власт, образование, религија, уметност, социјална хиерархија и санитарни услови.

Пред појавата на колерата, во 19 век, во градовите, на пример, се мешале отпадните и водите за пиење.

Никој не може да знае како пандемијата Ковид-19, респираторно заболување што го предизвикува новиот коронавирус, ќе го промени светот.

Нациите се затвораат. Владетелите се стремат кон поголема авторитарна моќ. Колапсот на американското раководство се забрзува. Економијата очекува рецесија. Луѓето живеат во страв и недоверба, многумина ги загубија своите работни места и можат да доживеат сиромаштија како никогаш досега.

Истовремено, научници и технократи и некои компании работат трескавично за да ја запрат оваа пандемија и подобро да нè подготват за новата што ќе дојде. Нема сомениние дека од оваа епска криза ќе се појави нова технологија.

Една пандемија е една пандемија

Пандемиите се познати по тоа што предизвикуваат хаос, но и по способноста на човекот да се приспособи на променетите околности.

Меѓу оние кои ја проучуваат пандемијата постои изрека: „Ако сте виделе една пандемија, сте виделе една пандемија.“ Нема слични.

 

Пандемиите и епидемиите доведоа до голем наредок во јавното здравство, што им овозможи на градовите и цивилизациите да растат и напредуваат. Ова се, на пример, теории дека некои болести се предизвикани од микроорганизми, потоа урбани канализации и системи за водоснабдување, вакцинирање, пеницилин, подобра хигиена, одделенија за изолација на заболените и научен метод што вовел рационалност во современата медицина.

Нациите и општествата растеа и паѓаа на брановите од пандемии.

Пандемијата на чума во 14 век, што чинела половина од тогашното население, нанела фатални удари врз феудалното движење. Брановите од чума што следеле со векови ја разнишале вербата во Римокатоличката црква и, како што сугерираат некои историчари, овозможиле ренесанса и реформа.

Но, и промените што ги предизвикаа помалите епидемии, дури и едвај запишаните во историјата, исто така, имале големи последици.

Жолтата треска на Американците им донесе половина држава

Сетете се само како САД стекнаа голем дел од територијата, што им овозможи ширење на запад кон Калифорнија и прераснување во најбогата земја во светот.

Во 1802 година Наполеон ја испратил најголемата светска војска на Карибите за да го задуши бунтот на робовите и да ја обнови француската колонија во најпрофитабилна француска колонија Санто Доминго.

 

Но, епидемијата на жолта треска усмртила речиси 50.000 војници и ја присилила војската да се повлече.

Оставен без богата колонија за финансирање на своите големи планови на американскиот континент, Наполеон се фокусирал на Европа, да се соочи со Англија.

Санто Доминго подоцна стана Хаити, прва слободна црна република во светот, а претседателот Томас Џеферсон евтино купил голема француска територија што се протегала од Њу Орлеанс до Карпестите Планини и Канада.

Заборавена пандемија

Уште поголема биолошка катастрофа е пандемијата на шпанскиот грип во 1918 година што зела околу 20 и 50 милиони човечки животи на крајот на Првата светска војна. Тоа беше речиси незначително во однос на големите социјални промени.

 

Некои историчари ја нарекоа „заборавена пандемија“, па дури и големи американски писатели кои живееле во тоа време, како што се Хемингвеј, Фокнер и Фицџералд или ја игнорираа или едвај ја споменуваа во своите дела.

„Ништо друго, никаква инфекција, војна или глад не убиле толку многу луѓе за толку кратко време. А, сепак, никогаш не предизвика стравопочит, ниту во 1918 година, ниту потоа“, истакна Крозби во книгата „Заборавена американска пандемија“.

Како овој нов вирус, САРС-Ков-2, ќе влијае на човечкото општество, не може да се знае. Пандемијата е на почеток.

Но, благодарение на модерната медицина и сè што досега знаеме за вирусот, никој не очекува нов шпански грип или црна смрт.

извор МИА

Share34Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Скриншот од видео на ДИК

    Локалните избори 2025 се официјално и конечно завршени, објави ДИК

    306 shares
    Share 122 Tweet 77
  • „Ние сме далеку пред Албанија“ – Зошто оваа изјава на премиерот Мицкоски е важна за европската приказна на Северна Македонија

    115 shares
    Share 46 Tweet 29
  • Изгледа гатачката на Грујо ја вратиле во Царина, Мицкоски почна да споделува вести од иднината

    113 shares
    Share 45 Tweet 28
  • Локалните избори во Косово Избори без апсолутен победник, но со пораки за партиите

    97 shares
    Share 39 Tweet 24
  • Пендаровски: Ниту една земја што се затворила не станала голема, изолацијата не е добра

    96 shares
    Share 38 Tweet 24
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ