Голем број на дипломатски претставништва се затворени во Мелбурн, после серија сомнителни пакети од непознато потекло кои беа оставени пред нив.
Сомнителните пакети предизвикаа итна реакција и евакуација на некои од странските конзулати во Мелбурн и Канбера.
Дипломатските канцеларии во Мелбурн, вклучувајќи ги и претставништвата на Германија, Италија, Индија, САД, Шпанија и Ј. Кореја беа меѓу оние каде што интервенираше полицијата, пожарните возила и итната помош.
Австралиската полиција изјави дека ги испитува околностите под кои настанале овие инциденти.
Австралискиот јавен сервис соопшти дека над 17 дипломатски претставништва биле цел на достава на сомнителни пакети, за кои се претпоставува дека содржат опасни материи како азбест и непозната материја со влакнеста структура.
Ј. М. П.