Денеска, околу 11 часот, според извори на ЦИВИЛ – Центар за слобода, педагошки кадар, професори од основно и средно училиште во Прилеп, се видени како од работа заминуваат на партиски средби.
„Ги почестија со посна храна во параклисот во една населба, а потоа си влегоа слободно во партиските простории, во непосредна близина. Овие се професори од средно училиште. А, раководните лица на едно основно училиште не беа на работа, исто така, околу 11 часот, па немаше кој да ги потпише документите за странките“, јавуваат извори на ЦИВИЛ од Прилеп.
Учителки биле повикани на партиски разговор и во општина Зелениково, тврдат извори за ЦИВИЛ. Се сомневаат дека, најверојатно, станува збор за партиска координација на педагошкиот кадар, на два дена пред избори, или пак, одредени консултации наспроти вечерашниот последен митинг во кампањата на ВМРО-ДПМНЕ и на коалицијата „За подобра Македонија“, што ќе се одржи во Прилеп.