Партијата за демократски напредок (ПДП) ги повика Обвинителството, МВР на РС и СИПА што поскоро да го приведат и сослушаат лицето кое во изјава за медиумите јавно призна дека учествувало во изборна кражба на штета на Јелена Тривиќ, кандидат за претседател на Република Српска, пренесува Дневни Аваз.
– За очекување беше дека по емитувањето изјави за признавање на изборна кражба од претседателот на изборната комисија во село Крајишник кај Градишка, Стеван Гутиќ, тој како и сите членови на тој избирачки одбор веднаш да биде приведен и испрашуван. Но, според нашите сознанија, тоа се уште не се случило – наведуваат во СДС.
Оттаму потсетуваат дека Гутиќ пред камерите на ТВ БН призна дека резултатите од гласањето доставени до ЦИК од избирачкото место каде што тој беше претседател на комисијата не одговараат на вистината, т.е. дека сите гласови на Јелена Тривиќ се внесени во записник за друг кандидат.
– Нереакција на полицијата е уште поизненадувачка со оглед на тоа што и самиот Гутиќ признал дека бил свесен дека сторил кривично дело. Според нашите сознанија, вакви и слични случаи има низ цела РС и по никоја цена нема да дозволиме очигледните изборни кражби да останат неказнето. Уште еднаш ги повикуваме надлежните органи итно да реагираат и да ги уапсат сите членови на споменатиот избирачки одбор, како и сите други лица за кои постојат конкретни докази дека учествувале во изборна кражба и измама – соопшти СДС.
Кандидатот на опозицијата за претседател на Република Српска, Јелена Тривиќ денеска објави дека ПДП нашла докази на десетици избирачки места дека таа, како еден од двајцата кандидати меѓу кои се води најголемата битка, добила или нула или многу мал број гласови, еден или два, и дека нејзините се запишани на други кандидати од листата на кандидати за претседтаел на РС.
Таа објави видео клип од телевизијата БН во кој претседателката на избирачкиот одбор во Крајишник кај Градишка, каде што е родена нејзината мајка, јавно признава дека ги регистрирал нејзините гласови за друг кандидат, Зоран Калиниќ.
„Повеќе од 32.000 неважечки гласачки ливчиња, бројни нерегуларности во Добој, Зворник и Приједор и низ Република Српска, заедно со многу неправилности, појава на „слепи“ лица, покажувачи, исфрлање набљудувачи од избирачкото место, промена на записникот… Сето тоа се причините поради кои нема да ги признаам изборните резултати за нивото на претседател на РС и ќе инсистираме на ЦИК на БИХ повторно да се одржат изборите“, посочи Тривиќ.
Таа додаде дека правниот тим на ПДП се документира и предава на надлежните институции, нагласувајќи дека ќе ги искористат сите цивилизирани и демократски средства за расчистување на работите, за да се почитува волјата на народот.
Подготви: Д.Мишев