• Latest

Пендаровски брифиран за борбената подготвеност на Армијата, успешно положен тестот од првата годишнина како членка на НАТО

December 24, 2021

Поранешниот министер за правда Кренар Лога се повлекува од партиските функции во АА

November 14, 2025
Foto: Wikimedia Commons

ОН: Само во октомври повеќе од 260 напади врз Палестинци во Западен Брег

November 14, 2025
Американските воздушни сили, USAF (Photo by Hans Dorries on Unsplash)

САД одобрија продажба на воени авиони и делови на Тајван во вредност од 330 милиони долари

November 14, 2025
Фото: Скриншот, видео Х

Шест загинати во рускиот напад врз Кијив, Азербејџан упати силен протест до Москва откако руска ракета ја оштети и нивната амбасада

November 14, 2025
Фото: Скриншот, видео Гардијан

Демонстранти го блокираа главниот влез на зградата каде се одржува КОП30

November 14, 2025

Марш на ангелите – 30-тиот протесен марш за правда во Скопје

November 14, 2025
Фото: Фејсбук  на Љубомир Костовски

Министерот што подигнува само рачна, говори за брзината на пругите!

November 14, 2025

Богати странци плаќале по 80.000 фунти за „сафари викенд“ за да убиваат цивили за време на опсадата на Сараево

November 14, 2025

Анализа на Гардијан: Климатското финансирање оди во погрешни раце – Кина, Саудиска Арабија и ОАЕ меѓу најголемите добитници

November 14, 2025
Фотографија: Скриншот

Новиот исламофобичен говор на Додик – радикална реторика што потсетува на воените злосторници од 90-тите, алармираат аналитичари и ОБСЕ

November 14, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ОПШТЕСТВО

Пендаровски брифиран за борбената подготвеност на Армијата, успешно положен тестот од првата годишнина како членка на НАТО

December 24, 2021 15:37
in ВЕСТИ, ОПШТЕСТВО
Share on FacebookShare on Twitter

Пред претседателот на Република Северна Македонија, Стево Пендаровски, денеска во Домот на Армијата во Скопје беше презентирана состојбата со борбената подготвеност на Армијата на Република Северна Македонија во тековната година, кое е редовна обврска на началникот на Генералштабот кон врховниот командант.

На брифингот, од страна на началникот на Генералштабот, генерал-потполковник Васко Ѓурчиновски и директорот на Генералштабот, генерал-мајор, Зоран Милески, пред претседателот Пендаровски, министерката за одбрана Радмила Шекеринска, генералите во Армијата и претставници од кабинетите на претседателот и Министерството за одбрана, беше претставена состојбата и реализацијата на планираните активности во функционалните области, кои се дел од борбената готовност.

 

-Пред воениот врв се презентираа реализираните задачи и достигнувања на Армијата во 2021 година, како и клучните задачи за следната 2022 година, при што се опфатија областите: персонален менаџмент и морал, операции во земјата и странство, обука и вежби, логистичка поддршка, воено планирање и структура на сили, врски и комуникации, буџетирање и цивилно-воена соработка. Генералот Ѓурчиновски во своето излагање ја истакна подготвеноста на командите и единиците на Армијата за реализација на сите активности од планираната динамика во процесот на достигнување на целите на способност на НАТО, соопштија од Генералштабот на Армијата.

 

Фото: Брифинг за борбената подготвеност на Армијата во 2021 година пред воениот врв во Домот на АРМ

На брифингот било истакнато залагањето и професионалното извршување на задачите на припадниците на Армијата, со кое биле реализирани сите планирани активности и задачи, како и подготвеноста за систенција на државните институции и помош на граѓаните.

 

Во освртот на годината што измина министерката Радмила Шекеринска потенцирала дека во 2021 година беше одбележана првата годишнина од членството во НАТО и дека Северна Македонија успешно го положи тестот од првата годишнина како членка на Алијансата.

-Вредно работевме и на воената интеграција и ја завршивме во рекордно време за само 19 месеци, со што станавме препознатливи како држава во НАТО која најбрзо ја заврши воената интеграција. Брзото завршување на воената интеграција е континуитет на успешната политика во Министерството за одбрана која почна со зголемувањето на буџетот, набавките на нова опрема, членството во НАТО и севкупното зајакнување на капацитетите на Армијата“, рече министерката. Шекеринска истакна дека оваа година нашето небо стана дел од системот за воздушно патролирање на Алијансата. „Тоа значи дополнително јакнење на нашиот државен суверенитет и територијален интегритет. И тоа треба сите овде присутни да не исполни со чувство на задоволство затоа што одбраната и безбедноста на државата ја дигнавме на уште едно, повисоко ниво, посочила министерката Шекеринска.

Таа нагласила и дека се веќе избрани и првите пет офицери кои ќе не претставуваат во НАТО командната структура во Измир, Монс и Брисел и е започната селекција на дополнителни седум.

 

-Ја зајакнавме со персонал и Постојаната делегација на Северна Македонија во НАТО како и Канцеларијата за врски во SHAPE. Разбирајќи ја опасноста од современите безбедносни предизвици, потпишавме Меморандум за соработка со НАТО во доменот на сајбер безбедноста, а соработка во оваа област остваруваме и со нашиот стратегиски партнер САД, подвлекла министерката дополнувајќи дека по четири и пол години интензивна активност целосно е променета сликата за Армијата почнувајќи од повисоки плати до опремата, и се создадени услови и натаму да се развива согласно НАТО стандардите и во соработка со сојузниците од Алијансата.

Во заклучното излагање, претседателот и врховен командант Стево Пендаровски пред учесниците на брифингот го изразил своето задоволство од професионалноста, посветеноста и покажаната пожртвуваност на припадниците на Армијата во справувањето со пандемијата и пожарите низ земјата.

Пендаровски порачал дека инвестирањето во модернизирањето и опремувањето на Армијата мора да продолжи, бидејќи со јакнење на нашите одбранбени капацитети и потенцијали не добива само Армијата, туку повратно влијае и врз економскиот раст и повисокиот животен стандард на граѓаните.

 

-Независно што здравствената и енергетската криза притискаат за поинаков распоред на буџетските приоритети, државата е неопходно да остане посветена на вложувањата во одбраната и безбедноста, затоа што тие се основата за функционирање и на други општествени сектори, рекол претседателот Пендаровски.

Шефот на државата пред присутните ја истакнал потпишаната заедничка декларација со НАТО минатиот месец, а со која и формално се заокружи процесот на нашето интегрирање во Алијансата и притоа оценил дека членството во НАТО ни помага подобро да се носиме и со старите, но и со новите безбедносни закани. 

Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Скриншот од видео на ДИК

    Локалните избори 2025 се официјално и конечно завршени, објави ДИК

    306 shares
    Share 122 Tweet 77
  • „Ние сме далеку пред Албанија“ – Зошто оваа изјава на премиерот Мицкоски е важна за европската приказна на Северна Македонија

    119 shares
    Share 48 Tweet 30
  • Изгледа гатачката на Грујо ја вратиле во Царина, Мицкоски почна да споделува вести од иднината

    114 shares
    Share 46 Tweet 29
  • Локалните избори во Косово Избори без апсолутен победник, но со пораки за партиите

    97 shares
    Share 39 Tweet 24
  • Пендаровски: Ниту една земја што се затворила не станала голема, изолацијата не е добра

    96 shares
    Share 38 Tweet 24
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ