Ниту една кампања, ниту политичка заложба не е доволна за справување со насилството врз децата, туку потребно е системско делување, рече претседателот на Северна Македонија, Стево Пендаровски, отворајќи ја конференцијата „Проширување на акцијата за ставање крај за насилството врз децата од Западен Балкан“.
Освен индивидуален пристап, треба да се активираат и социјалните служби, образовните институции да ги зајакнат емоцијалните вештини кај децата за да превенира врсничко насилство, а здравствените работници да се оспособат да препознаат рани фази на насилство.
– Кај нас во Северна Македонија, бројките се немилосрдни. Истражувањата велат дека 8 од 10 родители, користат физичко и психичко насилство примарно со цел да ги подучат децата на тој начин. Кај нас преовладува ставот дека детето треба да биде послушно наместо љубопитно или независно. Истражувањата укажуваат на генералниот став дека не треба да интервенира во смејството и неговите утврдени практики и дека право на родителот е да го одгледува своето дете онака како што смета дека е најсоодетно. Нашиот одговор врз насилството врз децата мора да биде сеопфатен – рече Пендаровски.
Според Пендаровски, децата жртви на насилство се изложени на поголем ризик и самите да сторат насилство кога ќе станат возрасни и тоа најчесто врз сопствените деца. Во светски рамки, глобалната анкета на УНИЦЕФ од пред две години покажува дека големо мнозинство или 80 насто од родителите или старателите користат една форма на насилство врз децата, а една петтина од анкетата, пријавиле дека користат ненасилни методи на родителство.
П.К.