Претседателот на Република Северна Македонија, Стево Пендаровски, денеска се сретна Никос Дендиас, министер за надворешни работи на Република Грција.
На средбата беа разменети мислења за севкупните билатерални односи меѓу Северна Македонија и Грција, за европските и евроатлантските перспективи на Северна Македонија, како и за состојбите во регионот.
Пендаровски истакна дека Северна Македонија е силно посветена на развој на партнерството со Грција, базирано на пријателство и заедничкиот интерес на граѓаните на двете држави за просперитетен регион. Во тој контекст, Пендаровски истакна дека Преспанскиот договор е чекор што ја демонстрира посветеноста за развој на добрососедски односи и соработка.
Пендаровски се заблагодари за силната поддршка од Грција за почеток на претпристапните преговори на Северна Македонија со Европската унија за време, и по последниот Европски Совет. Претседателот Пендаровски истакна дека, во очекување на новата методологија за водење на пристапните преговори, Северна Македонија е фокусирана кон интензивирање на реформскиот процес, со цел што поскоро отворање на пристапните преговори за членство со ЕУ.