• Latest

Пендаровски до вработените во Брзата помош и поликлиниките: Ви посакувам помалку интервенции, имате поддршка од сите да истраете

April 15, 2020
Скриншот од видео на
FRANCE 24 English

Графикон на неделата: Европа стана најголемиот купувач на американско оружје додека руската закана расте

November 11, 2025
Скриншот од видео на Oneindia News

Ново прекршување на воздушниот простор на НАТО: Дрон паднал на романска територија за време на руски напад врз Украина

November 11, 2025
Организаторот на проектот Волфганг Ресман на завршниот состанок во рамките на меѓународниот проект „Медиумски дијалог 2025: Слобода на говорот и плурализам против пропагандата“. Фото: Наталија Јевдокименко / НУЈУ

Медија дијалог 2025: Меѓународниот проект го испитува искуството на украинските медиуми во борбата против руската пропаганда

November 11, 2025
Поранешната хрватска министерка за регионален развој и фондови на ЕУ, Габријела Жалац, се јави во затворот Реметинец на отслужување на казната. Фото: Љубомир Костовски/Фејсбук

Eве зошто ВМРО-ДПМНЕ не сака да влеземе во ЕУ 

November 11, 2025
Вештачка интелигенција (фото извор: Wikimedia Commons)

ЕП бара законско регулирање на употребата на вештачката интелигенција во работните процеси

November 11, 2025
Фото: Украинската амбасадорка Лариса Дир/Х

Амбасадорката Дир: Русија со постојаните напади на енергетските капацитети го загрозува греењето, осветлувањето и безбедноста на милиони мирни луѓе во Украина

November 11, 2025
Crime scene in Islamabad, Pakistan, suicide bomber killed 12 people
Source> screenshot video Reuters

Бомбаш самоубиец уби 12 лица пред суд во главниот град на Пакистан

November 11, 2025

Меѓунардониот кривичен суд му го одби барањето на Ратко Младиќ за ослободување

November 11, 2025

Репортери без граници и Европската радиодифузна унија со повик до ЕУ за зачувување на демократијата преку обезбедување пристап до сигурни информации

November 11, 2025
Фотомонтажа: D. Mi[ev/CIVIL Media. Фото од wikimedia commons

Бугарија се подготвува за преземање на рафинеријата Лукоил во Бургас, во Северна Македонија сé уште без реакции

November 11, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ВЕСТИ

Пендаровски до вработените во Брзата помош и поликлиниките: Ви посакувам помалку интервенции, имате поддршка од сите да истраете

April 15, 2020 15:44
in ВЕСТИ, КОВИД-19, ОПШТЕСТВО, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

 Претседателот на Република Северна Македонија, Стево Пендаровски преку видео врска денеска разговараше со директорот на Здравствен Дом – Скопје, д-р Виктор Исјановски, со раководителката на Итната медицинска помош, д-р Милица Бубало, како и со д-р Марија Милеска Аврамоска, која е дел од интервентна екипа на Брзата помош.

Во разговорот, како што соопштуваат од неговиот Кабинет,  Пендаровски е запознаен со досегашната, како и со тековната работа на поликлиниките што се во состав на Здравствен дом – Скопје, со бројот на повици во Брзата помош, како и со интензитетот и обемот на работа на докторите во овие здравствени установи.

-Сите ние во оваа вонредна состојба мора да работиме постојано и се жалиме поради тоа, но на Вам докторите работењето 24 часа во текот на 7 дена неделно Ви е востановена практика и едноставно мора така да функционирате. Во оваа насока, Ви благодарам што несебично се вложувате, особено во овие вонредни околности, им порача Пендаровски на докторите во денешниот видео разговор.

Докторите, при разговорот го информираа претседателот Пендаровски дека поликлиниките на територијата на градот Скопје располагаат со доволно медициски и немедицински кадар кој одговара на потребите на граѓаните. Истовремено, како што рекоа докторите, во моментов имаат се што им е потребно во однос на заштитна опрема и дека истата навремено се надополнува.  

Претседателот Пендаровски на денешните соговорници, но и на останатите вработени во Итната медицинска помош и во поликлиниките во градот, им оддаде почит и признание за нивниот досегашен ангажман. Како што рече претседателот Пендаровски, сите тие се на првата линија во борбата со пандемијата на вирусот КОВИД-19, први доаѓаат во контакт со болните и се изложени на висок ризик.

За време на разговорот претседателот Пендаровски на докторите од Итната медицинска помош им посака да имаат што помалку интервенции во периодот што следи, бидејќи, како што рече претседателот тој, тоа ќе значи дека полека стивнува пандемијата на вирусот КОВИД-19. Истовремено, претседателот Пендаровски на докторите им искажа голема поддршка да истраат во неделите коишто доаѓаат.
Share35Tweet22Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • (ФОТО) Како ќе изгледа документот за идентификацискиот број за граѓаните на „Отворен Балкан“

    113 shares
    Share 45 Tweet 28
  • Изгледа гатачката на Грујо ја вратиле во Царина, Мицкоски почна да споделува вести од иднината

    110 shares
    Share 44 Tweet 28
  • „Ние сме далеку пред Албанија“ – Зошто оваа изјава на премиерот Мицкоски е важна за европската приказна на Северна Македонија

    103 shares
    Share 41 Tweet 26
  • Локалните избори во Косово Избори без апсолутен победник, но со пораки за партиите

    96 shares
    Share 38 Tweet 24
  • Пендаровски: Ниту една земја што се затворила не станала голема, изолацијата не е добра

    96 shares
    Share 38 Tweet 24
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ