• Latest

Пендаровски – Дуда: Северна Македонија може да смета на поддршката на Полска за ЕУ-интеграцијата

November 19, 2021
Американските воздушни сили, USAF (Photo by Hans Dorries on Unsplash)

САД одобрија продажба на воени авиони и делови на Тајван во вредност од 330 милиони долари

November 14, 2025
Фото: Скриншот, видео Х

Шест загинати во рускиот напад врз Кијив, Азербејџан упати силен протест до Москва откако руска ракета ја оштети и нивната амбасада

November 14, 2025
Фото: Скриншот, видео Гардијан

Демонстранти го блокираа главниот влез на зградата каде се одржува КОП30

November 14, 2025

Марш на ангелите – 30-тиот протесен марш за правда во Скопје

November 14, 2025
Фото: Фејсбук  на Љубомир Костовски

Министерот што подигнува само рачна, говори за брзината на пругите!

November 14, 2025

Богати странци плаќале по 80.000 фунти за „сафари викенд“ за да убиваат цивили за време на опсадата на Сараево

November 14, 2025

Анализа на Гардијан: Климатското финансирање оди во погрешни раце – Кина, Саудиска Арабија и ОАЕ меѓу најголемите добитници

November 14, 2025
Фотографија: Скриншот

Новиот исламофобичен говор на Додик – радикална реторика што потсетува на воените злосторници од 90-тите, алармираат аналитичари и ОБСЕ

November 14, 2025
Фото: украинската амбасадорка Лариса Дир/Х

Амбасадорката Дир: Масовен напад врз Кијив, Харкивскиот и Одескиот регион, има загинати и повредени, руските окупатори продолжуваат да напаѓаат врз луѓето

November 14, 2025
Скриншот од видео на CNBC-TV18

Првичните трендови на клучните индиски државни избори покажуваат водство на алијансата на премиерот Моди 

November 14, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ПОЛИТИКА

Пендаровски – Дуда: Северна Македонија може да смета на поддршката на Полска за ЕУ-интеграцијата

November 19, 2021 14:17
in ВЕСТИ, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Република Полска ја покажува својата солидарност кон Република Северна Македонија на патот кон нејзиното членство во ЕУ. Двете држави како членки на НАТО заеднички споделуваат и покажуваат солидарност, но нашата поддршка продолжува и понатаму, истакна полскиот претседател Анджеј Дуда на заедничката прес-конференција во Скопје со претседателот Стево Пендаровски.

Дуда искажана благодарност за солидарноста од С Македонија и од претседателот Пендаровски во делот на проблемите на границата со Белорусија со кои во моментов се соочува Полска.

-Ваквата солидарност има свои историски корени, најпрво во времето на Граѓанската војна во Грција кога голем број бегалци беа примени во мојата држава, а исто така и во 1963 по разорниот земјотрес во Скопје кога Полска повторно во солидарност со Република Македонија достави помош, како и денешната донација на голем број дози на вакцини Фајзер. Чест ми е што можам да кажам дека таа солидарност продолжува и денес. Република Полска ја покажува својата солидарност кон Република Северна Макеоднија на патот кон нејзиното членство во ЕУ. Чест ми е што и двете држави сме членки на НАТО и таму заеднички споделуваме и покажуваме солидарност. Но, нашата поддршка за Северна Македонија кон ЕУ продолжува и понатаму. Тоа е нешто во кое што јас за време на пленарниот состанок го уверив претседателот Пендаровски, рече Дуда.   

Тој подвлече дека е факт оти во моментов се случува хибриден напад на границата на Полска која е и граница на НАТО, односно станува збор за Полска, Литванија и Латвија.

– Нападот е насочен кон полската граница која што имаме должност да ја обезбедуваме, но и секако да ја одбраниме територијата на Република Полска од нелегалната миграција. Ги правиме сите наши напори во поглед на тоа прашање и секако дека е од огромно значење поддршката која што ја добиваме од ЕУ и од НАТО која што и понатаму очекуваме да ја добиваме. Исто така во моментов би сакал да искажам и благодарност до претседателот Пендаровски за неговото разбирање за овој клучен проблем со којшто во моментов се соочува мојата држава, рече Дуда.

Пендаровски истакна дека Полска отсекогаш била наш силен и гласен поддржувач и покажува големо разбирање за позицијата во која се наоѓаме при тоа прави напори да помогне во надминување на препреките со кои се соочуваме не само билатерално туку и преку Вишеградската група, како и преку другите регионални форуми во кои членуваме, а во контекст на евроинтергациите..  

-Веродостоен тест за кредибилноста на процесот на проширување ќе биде претстојниот Совет за општи работи на ЕУ во декември и можноста да направиме исчекор на тој пат. Поддршката за деблокада на нашите евроинтеграции е од исклучителна важност за стабилноста и просперитетот на целиот регион и дополнителен поттик за реформските процеси. Затоа во разговорите се осврнавме и на прашања кои се однесуваат на актуелната ситуација во регионот на Западен Балкан и во таа прилика ги споделив со претседателот Дуда нашите гледишта во врска со регионалните предизвици и отворените прашања, рече Пендаровски.  

Покрај ова, како сојузници во НАТО двајцата размениле мислења и информации и за актуелната состојба на полско-белоруската граница при што Пендаровски истакна дека изразил целосна поддршка за надминување на ситуацијата.

-На претседателот Дуда му ја изразив нашата целосна солидарност и поддршка за надминување на оваа ситуација. Потврдив дека за нас како држава се целосно неприфатливи постапките на раководството на Белорусија со кои се оркестрира оваа хуманитарна криза. Продолжуваме да ја разгледуваме ситуацијата во рамките на НАТО и повикуваме на итно запирање на сите активности насочени кон натамошна дестабилизација на ситуацијата на границата на нашите сојузници Полска, Литванија и Латвија. 

Во рамки на официјалната посета на Република Северна Македонија, претседателот Дуда ќе има средби и со претседателот на Собранието Талат Џафери и со претседателот на Владата Зоран Заев. Пендаровски и Дуда ќе присуствуваат и ќе имаат обраќања на Македонско-послиот бизнис форум што ќе се одржи во хотел  Мериот.

Двајцата претседатели ќе положат и венци на гробот на Гоце Делчев во црквата „Св.Спас“.

Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Скриншот од видео на ДИК

    Локалните избори 2025 се официјално и конечно завршени, објави ДИК

    306 shares
    Share 122 Tweet 77
  • „Ние сме далеку пред Албанија“ – Зошто оваа изјава на премиерот Мицкоски е важна за европската приказна на Северна Македонија

    119 shares
    Share 48 Tweet 30
  • Изгледа гатачката на Грујо ја вратиле во Царина, Мицкоски почна да споделува вести од иднината

    113 shares
    Share 45 Tweet 28
  • Локалните избори во Косово Избори без апсолутен победник, но со пораки за партиите

    97 shares
    Share 39 Tweet 24
  • Пендаровски: Ниту една земја што се затворила не станала голема, изолацијата не е добра

    96 shares
    Share 38 Tweet 24
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ