„Време е да ги залечиме отворените рани од нашето скорешно минато и реално да го започнеме граѓанското помирување, затоа што немаме резервна татковина која можеме да ја наречеме наш дом“, напиша рано утрово, претседателот на Република Северна Македонија, Стево Пендаровски, на својот прв работен ден.
Пендаровски додаде дека на тој пат ќе се вложи себе си без разлика на сопствениот политички рејтинг и дека ќе ги поддржи сите добронамерни граѓани, политичари и партии што ќе решат да одат по тој ист пат.
По вчерашната инаугурација на Пендаровски каде присуствуваа претседателите на Србија, Албанија, Косово и на Бугарија, до Пендаровски пристигнуваат бројни честитки од светски државници.
М. И.