Џевдет Хајредини
Сакаме и се надеваме дека Македонија ќе ги добие и извештајот на Комисијата на ЕУ и препораката за датумот за почеток на преговорите од Советот.
Во интерес е на сите граѓани на државата тие да не бидат „кристално чисти“, како што некои во владата, да се надеваме не сите, сакаат, за да се спасат од затвор.
Евентуалниот „најдобриот извештај од сите досега добиените“ и „кристално чистата“ препорака, во голема мерка би помогнале и да не успее ниедна од најавените реформи на системот.
Со тоа би се спасиле од кривична и секаква друга одговорност сите тие од ВМРО и ДУИ кои, за време на заедничката власт земјата ја втурнаа во длабока криза, од која, без помошта на САД, ЕУ и НАТО, прашање е дали ќе можеше да излезе.
*
Предлогот на ДУИ да се воведе таканаречен „ветинг“, не е ништо друго освен перфиден обид да се опструира намерата на Зоран Заев, од актуелната власт да ги отстрани корумпираните, неспособните и неморални функционери.
Тие што сакаат “Ветинг” нека го применат за оние што ќе ги заменат отстранетите со „метлата“ на Заев.
Прочитајте ги сите ПОЕНТИ на Џевдет Хајредини ОВДЕ.
Преземање на содржините e ЗАБРАНЕТО (!!!), освен со писмена дозвола од ЦИВИЛ и тоа исклучиво според Условите за користење, авторски права и заштита на приватноста.
Повредата на авторските права е забранета со закон.
Врз основа на договор за соработка, оваа содржина е достапна за Плусинфо и Слободен печат без ограничувања.