Министерството за труд и социјална политика, продожува со финансирање на индивидуализирани социјални услуги во заедницата од Буџетот.
Од МТСП потенцираат дека со Законот, кој што е во собраниска процедура, услугата персонална асистенција, која досега ја имаше само во 7 општини се проширува низ цела Македонија. Со овој чекор се исполнува долгогодишното барање на лицата со попреченост, што ќе придонесе за нивно независно и самостојно живеење, активно и рамноправно учество во заедницата и во општеството во целина.
Во 2019 година е предвидено со оваа услуга да се опфатат 200 лица со попреченост. Во моментот услугата ја користат околу 60 лица со попреченост.
Услугата персонална асистенција од денеска во Скопје ќе ја нудат уште 30 нови лица на кои им се доделени сертификатите за персонална асистенција, откако успешно ја поминаа обуката на Црвен крст и на Хуманост. Со ова бројот на сертифицирани лични асистенти на територија на Македонија се зголемува на околу 130, известува МТСП.
Б. Ј.