Центарот за граѓански комуникации, БИРН и НВО Инфоцентар организираат дебата за перспективите на истражувачкото новинарство што ќе се одржи на 24 јануари, четврток, во хотел Холидеј Ин, сала Милениум 2, во периодот од 10.00 до 13.00 часот.
Дебатата ќе опфати две панел дискусии, правата фокусирана на прашањето дали зголемениот број на истражувачки стории во медиумите е долгорочен тренд или само краткотрајна промена, и втората, дали базите на отворени податоци придонесуваат кон подобрување на истражувачко новинарство?
На дебатата ќе бидат претставени и наодите од мониторингот на медиумите за застапеноста и квалитетот на истражувачките и аналитичките новинарски текстови за периодот 2016-2018 година.
Целта е заедно со претставници на сите засегнати страни (новинари, медиуми, новинарски и медиумски здруженија, регулаторните тела и невладини организации кои работат на полето на медиумите) да се дефинираат перспективите за натамошно унапредување на примената на истражувачкото новинарство во земјата.
Дебатата е завршен јавен настан во рамките на проектот „Истражувачко новинарство за поттикнување реформи“, финансиран од Европската Унија.
Б. Ј.