По повод одбележувањето на 15-годишнината од трагичната смрт на поранешниот претседател Борис Трајковски, Собраниска делегација предводена од собранискиот спикер Талат Џафери, денеска ќе положи цвеќе на Алејата на великани на гробишта Бутел во 11.30 часот.
Делегација ќе биде предводена од претседателот на Собранието на Република Северна Македонија, Талат Џафери, како и Весел Мемеди, Далибор Богдановски, Жаклина Пешевска, Бранко Маноиловски и Елизабета Канческа-Милевска.
И во двата извештаи како причина за падот на „кингерот“ се наведуват пилотски грешки и други индиректни системски пропусти.
Во авионската несреќа покрај претседателот Борис Трајковски, животот го загубија портпаролот Димка Илкова Бошковиќ, советниците Ристо Блажевски и Анита Лозановска, претставникот на Министерството за внатрешни работи Миле Крстевски, телохранителите Аце Божиновски и Борис Велиновски, како и пилотот и копилотот на авионот.
Д.М.