„Кога станува збор за работата на Министерството за внатрешни работи, наводите кои беа изнесени не може да бидат отфрлени со една политичка изјава. Затоа што наводите имаат сериозни индиции не само за хибридна војна, туку и за нелегално финансирање. МВР во координација со јавниот обвинител имаат добар материјал за започнување на предистражна постапка по ова прашање. Игнорирањето на вакви индииции е многу несериозен, затоа што ваквата постапка кажува колку овие прашања се важни за нас“, изјави Славјанка Петровска за последниот скандал со финансирање на дел од македонските медиуми објавен на словенечкиот портал necenzurirano.si.