• Latest

Петровска: Треба да се подобри квалитетот на инспекциски надзор од одредени општини

March 22, 2021
Германски и советски војници фотографирани заедно неколку дена откако советските единици влегоа во Полска. Фото: Јавен домен / Wikicommons

Пропаганда и негирање: Како Русија ја правда својата инвазија на Полска во 1939 година, во договор со Хитлер

September 17, 2025
Фото: ЦУК

ЦУК: Под контрола пожарите во селото Трубарево и во Дрисла, активни пожарите во селата Виниче, Петрово, Вражале и Крушево

September 17, 2025
Дел од „пакетот“ американска воена помош за Украина, 20 јануари 2022 година. (photo source: Wikimedia Commons / photo by Mauricio Campino)

Администрацијата на Трамп одобри прва помош во оружје за Украина финансирана од НАТО сојузниците

September 17, 2025
Фото: Скриншот од видео на
Al Jazeera English

ЕУ крои план за ограничувања на трговијата со Израел поради војната во Газа

September 17, 2025
Фото: Скриншот од видео на ONT TV Channel

Руските војници почнаа да ја напуштаат Белорусија по вежбите „Запад-2025“

September 17, 2025
Фото: Скриншот од видео на ВВС

Поранешна шефица за здравство на САД: РФК помладиот ме отпушти кога не сакав да отпуштам персонал за вакцинирање без причина

September 17, 2025

24 ЧАСА: Уставен не поведе постапка за Правилникот на ДИК; Србија прва во ЕУ по кршења на медиумската слобода; Навални бил отруен; Фемицидот во Северна Македонија – невидливо злосторство и глуви институции

September 17, 2025
Фото: Скриншот

MFRR: Србија е на прво место во Европа по бројот на кршења на слободата на медиумите

September 17, 2025

„Стела“ повикува на протест пред МВР против колективниот системски крах кој дозволува континуирано насилство врз жени што доведува до фемициди

September 17, 2025
Тануја Пандеј, 24-годишна активистка за заштита на животната средина, една од организаторите на протестот. Фото: Скриншот од видео на Al Jazeera English

Политичарите се богатат додека ние страдаме – Генерацијата Z во Непал ја собори владата за помалку од 48 часа

September 17, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ПОЛИТИКА

Петровска: Треба да се подобри квалитетот на инспекциски надзор од одредени општини

March 22, 2021 12:37
in ВЕСТИ, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Квалитетот на инспекцискиот надзор од страна на општините треба да се подобри, порача денеска директорката на Државниот инспекторат за животна средина Ана Петровска.

Со Град Скопје, како што информира денеска на прес-конференција, имаат често заеднички постапувања, на дневна основа прават размена на информации, односно еднаш неделно им испраќаат пријави и добиваат од нив повратно до каде се со предметите. Со останатите општини, потенцираше, имаме ад хок комуникација што треба да се подобри.

-Направивме список на општини и на сите овластени инспектори со контакти да ја олесниме таа комуникација, има голем број општини каде нема овластен инспектор, во некои општини воопшто нема можност да се реализира надзор и покрај тоа што законот налага во такви случаи општините да склучат договор за меѓу општинска соработка каде ќе  обезбедат инспекциски надзор во соработка со друга општина, рече Петровска.

Тоа, како што додаде, во реалност ретко се случува, а често се случува нив да ги повикаат да постапуваат во општините каде нема овластен инспектор.

-На тој начин ги трошиме нашите ресурси наместо да ги насочиме таму каде се покомплексни состојбите. За соработката со општинските служби имаме законски можности да побараме нивно постапување и доколку не е постапено да постапиме согласно итноста во нивно име. Тука има можности да се реагира и со други инструменти – управната инспекција, инспекцискиот совет да се алармира. Непостапувањето на овластените општински инспектори не е нешто на што не може да се делува. Ние како ДИЖС имаме инструменти да поттикнеме соработка, но треба да се вклучат и другите институции и да овозможат да се подобри и соработката и надзорот. Во новиот Закон за инспекциски надзор кој сега го работиме овие прашања на постапување на овластени инспектори специфично ќе се обработат со цел да имаме поголеми овластувања, но и да обезбедиме дека нашите ресурси нема да се трошат залудно, заклучи Петровска.

Во однос на тоа по какви пријави постапува Инспекторатот, Петровска информира дека најголем дел од нив се однесуваат на огнови кои се јавуваат на општински депонии.

-Таму одиме на терен и издаваме решение на надлежното јавно комунално претпријатие да обезбеди минимум технички услови да се спречат пожарите на отворено. На овие депонии најчесто нема ограда, нема чуварска служба, отпад од разни извори, вклучително индустриски отпад. Се јавуваат пожари заради тоа што органската маса се разградува, се покачува температурата и се ослободува метан и притоа метанот е самозапалив, се случува и да се палат одредени видови отпад заради присуство на неформални собирачи. Ситуацијата е комплексна, рече Петровска.

Во моментов имаат отворено постапки со повеќе општини каде што ги обврзале да ги прават тие промени на локациите и во тек, како што информира, се одредени постапки против некои општини.

 

Print Friendly, PDF & Email
Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Милош Биковиќ и Христијан Мицкоски (фото извор: Инстаграм профил на Мицкоски)

    Мицкоски се пофали со Биковиќ – но тој не е само актер, туку дел од прирачникот за хибридно влијание на Кремљ

    239 shares
    Share 96 Tweet 60
  • Крвави лица на Мицкоски, Тошковски и Јанев на страницата „Убијците на Кочани“ – ВМРО-ДПМНЕ бара истрага

    168 shares
    Share 67 Tweet 42
  • По кратка постапка да се решат Ромите – од Вардариште во логорите на смртта!

    145 shares
    Share 58 Tweet 36
  • Руската разузнавачка служба ја обвини ЕУ дека финансира и подготвува „српски Мајдан“ на 1 ноември, на годишнината од падот на настрешницата во Нови Сад

    138 shares
    Share 55 Tweet 35
  • Проф. Андонов: Политикантските коментари на Мицкоски за наводни хибридни напади против неговата влада не се ништо освен пропаганда за негов спас на изборите

    130 shares
    Share 52 Tweet 33
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ