Познатото албанско семејство Кириази е познато по својот голем придонес во развојот на албанското образование и култура од крајот на деветнаесетиот и почетокот на дваесетиот век. Потекнуваат од село Трнава – Битолско, и од тука се преселуваат во градот, којшто во тоа време бил центар на Битолскиот вилает. Димитер Кириази , член на албанската колонија во градот и Мариа Кириази имале десет деца. Седум синови и три ќерки. Ташко, Констандин, Герасим, Наум, Кристо, Пандели, Фанка, Севасти и Параскеви.
Нивните ќерки, Севасти и Параскеви Кириази се пионерките на албанското образование, и создавачки на првата албанска асоцијација на жените „Утринска ѕвезда“.
Своето основно и средно училиште Севасти го завршила во Битола, и потоа дипломирала на Американскиот колеџ во Истанбул. Во 1891 ја основала првата женска школа во Корча, и со тоа ја зголемила бројот на девојките во образованието.
Параскеви дипломирала во Истанбул, и потоа работела во женската школа на Севасти. Во 1909 го објавува учебникот за основно описменување во основните училишта и така станала првата албанка што напишала учебник. Севасти биле една од учесниците на Битолскиот конгрес за унифицирање на албанската азбука во 1908 година.
Д. Т.