• Latest

По изборите

November 8, 2021
Фото: Скриншот, видео Х

Шест загинати во рускиот напад врз Кијив, Азербејџан упати силен протест до Москва откако руска ракета ја оштети и нивната амбасада

November 14, 2025
Фото: Скриншот, видео Гардијан

Демонстранти го блокираа главниот влез на зградата каде се одржува КОП30

November 14, 2025

Марш на ангелите – 30-тиот протесен марш за правда во Скопје

November 14, 2025
Фото: Фејсбук  на Љубомир Костовски

Министерот што подигнува само рачна, говори за брзината на пругите!

November 14, 2025

Богати странци плаќале по 80.000 фунти за „сафари викенд“ за да убиваат цивили за време на опсадата на Сараево

November 14, 2025

Анализа на Гардијан: Климатското финансирање оди во погрешни раце – Кина, Саудиска Арабија и ОАЕ меѓу најголемите добитници

November 14, 2025
Фотографија: Скриншот

Новиот исламофобичен говор на Додик – радикална реторика што потсетува на воените злосторници од 90-тите, алармираат аналитичари и ОБСЕ

November 14, 2025
Фото: украинската амбасадорка Лариса Дир/Х

Амбасадорката Дир: Масовен напад врз Кијив, Харкивскиот и Одескиот регион, има загинати и повредени, руските окупатори продолжуваат да напаѓаат врз луѓето

November 14, 2025
Скриншот од видео на CNBC-TV18

Првичните трендови на клучните индиски државни избори покажуваат водство на алијансата на премиерот Моди 

November 14, 2025
Фото: Државна служба за вонредни ситуации на Украина/Телеграм

„Злобен напад“ – 4 убиени, десетици повредени во Киjив во масивен руски ракетен напад

November 14, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home СЛОБОДНА ЗОНА

По изборите

November 8, 2021 10:14
in СЛОБОДНА ЗОНА, ТОП 5
Share on FacebookShare on Twitter

САФИТ ЗЕЌИРИ 

По локалните изборите, опозицијата избувна со емоции да ја преземе власта со бројките за градоначалници кои излегоа на нивна полза.

Во Република Северна Македонија веќе е практика  мерило да бидат локалните избори кој ќе ја преземе власта во наредните парламентарни избори и обратно, кој ќе ги добие парламентарните да ги добие локалните. Ова година локалните избори направија да дојде до една политичка криза, не да се решаваат долгогодишните не решени проблеми во државата, туку  како само да се седне во удобната фотелја на местото премиер, министер, директор…. Ова е како што се кажува често во муабетите на кафе “зошто тој/таа кога можам јас…”.

Желни за фотелјата и помалите партии кои се дел на власта и тие од опозицијата заедно со поголемата опозициска партија и една анти-сè партија. Е ваква коалиција не сме имале досега во историјата на независноста на Република Северна Македонија, за која  не се согласуваат многумина, дури веднаш почна со повлекување на потписи ставени за иницијативата “да ја срушиме Владата на Заев”.

Ваквата коалиција не е во полза на решавањето на внатрешните проблеми, а не дава никаква наскока за решавање на спорот со соседна Република Бугарија и далеку е од  почнување преговори за Европската Унија. Не може една општина да доведе до политичка криза, а секако дека ниту треба така да се мисли, ако веќе се повикуваат на демократска партија за развој и прогрес на државата.

Преземање на власта со собирање потписи, гласање на недоверба или брзи предвремени парламентарни избори веќе е голем удар врз народот кој не добива ништо, а и не виде дури за многуте кочници во седниците, комисиите во Парламентот на Република Северна Македонија за одлуките од Владата да се дојде до промени на нештата што ги очекуваме со години.

До кога ваква реторика “јас сум најдобар додека сум во опозицијата, а најлошиот е тој што е на власт”, на народот веќе му е преку глава од избори, какви и да се тие.

Доколку изборите не беа чести, можеби дури и трошоците направени за подготовка на истите не би бил значителен, и народот би бил послободен во текот на годината, а не секојдневно да го слуша зборот избори. А тука се и материјалите што треба да се користат за истите, печатење на гласачки ливчиња, избирачки списоци и други материјали, за ваква практика исто така заземаат место во значителните парични расходи. Таквите трошоци веројатно можат да бидат лесно покриени од економски моќни земји како што е Швајцарија, но не во држава како што е нашата.

Јасно е дека вистинска демократија многу тешко може да се постигне дури и во најповолни околности, но секое современо општество се повеќе се движи кон нивната најголема демократизација, така што целиот државен апарат треба да работи во служба на народот, и да им го врати на луѓето достоинство и довербата во институциите.

Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Скриншот од видео на ДИК

    Локалните избори 2025 се официјално и конечно завршени, објави ДИК

    306 shares
    Share 122 Tweet 77
  • „Ние сме далеку пред Албанија“ – Зошто оваа изјава на премиерот Мицкоски е важна за европската приказна на Северна Македонија

    119 shares
    Share 48 Tweet 30
  • Изгледа гатачката на Грујо ја вратиле во Царина, Мицкоски почна да споделува вести од иднината

    113 shares
    Share 45 Tweet 28
  • Локалните избори во Косово Избори без апсолутен победник, но со пораки за партиите

    97 shares
    Share 39 Tweet 24
  • Пендаровски: Ниту една земја што се затворила не станала голема, изолацијата не е добра

    96 shares
    Share 38 Tweet 24
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ