Зоран Заев од собраниската говорница се обрати пред пратениците да започнат со расправа за уставните промени.
„Имаме кристална и недвосмислена потврда за македонскиот идентитет. Македонци, Македонец, Македонка, македонско, како дома, така и во странство, преведено без ограничувања на сите јазици во светот, македонски идентитет за севкупна употреба, конечно. Грција веќе не го оспорува нашето право на себеопределување… Имаме договор со јасни обележја на нашата македонска посебност. Имаме договор за јазик и идентитет што се македонски, од нашата држава којашто ќе носи име признаено од целиот свет, Република Северна Македонија… Израз на нашата посветеност да најдеме решение што е во интерес на нашата земја… Овој Договор е чекорот што не извлекува од минатото и ни ги отвора вратите кон иднината… Изборот не може да биде појасен… Секој глас „против“ е глас за изолација… “, беше дел од обраќањето на Заев пред пратениците.
Имавме инклузивен процес, граѓаните очекуваат државничка одлука
Пратеници, вие сте дел од историски момент кој повикува на обединување, кое е потребно како никогаш досега. Да не ги ставаме партиските и личните интереси на некои политички актери над интересите на нашиот народ и на нашите деца, и свесно да ја попречиме иднината на нашата земја и да ја затвориме вратата за ЕУ и НАТО, сигурно со децении. Ве повикувам да бидеме дел од оние кои ќе ја однесат нашата земја во заедничка подобра иднина. Имаме кристална и недвосмислена потврда за македонскиот идентитет. Македонци, Македонец, Македонка, македонско, како дома, така и во странство, преведено без ограничувања на сите јазици во светот, македонски идентитет за севкупна употреба, конечно. Грција повеќе не го оспорува нашето право за себеопределување. Македонскиот јазик ќе се користи слободно секаде, во Обединетите Нации, во НАТО, ЕУ, во сите официјални институции, активности и настани. Имаме договор со јасни обележја на нашата македонска посебност. Имаме договор за јазик и идентитет кои се македонски, од нашата држава којашто ќе носи име признаено од целиот свет, Република Северна Македонија.По решавањето на спорот со Грција, нашата земја веќе нема да има ниту едно отворено прашање со ниту еден сосед. Шириме дух на пријателство со сите соседи. Нашата земја се гледа како на пример за решавање спорови, што нашите пријатели го препознаваат и ни оддаваат признание во меѓународните односи, како земја со став и како земја партнер на сојузите со коишто делиме исти вредности, НАТО и ЕУ.➡️ vlada.mk/node/16348
Gepostet von Zoran Zaev am Donnerstag, 10. Januar 2019
Заев се заблагодари на СДСМ и коалицијата, осумте независни пратеници од ВМРО –ДПМНЕ, на Беса на Биљал Касами, на Алијансата за Албанците, ДУИ, ДПА, како и на пратеникот Панчо Минов, за нивната улога во процесот кон уставни промени, очекувајќи дека Беса на Биљал Касами ќе останат на истиот, заеднички пат, кон НАТО и ЕУ.
По неговиот говор, претседателот на Собранието, Талат Џафери ја прекина седницата, а продолжението на 32 собраниска седница ја најави за утре, 10 јануари, со почеток во 13 часот.
текст и фото (архива): Б. Јордановска