• Latest
Проф д-р Јове Кекеновски

По поминати 30 години време е за длабок и болен рез, дури и со тап скалпел

November 18, 2021
Американските воздушни сили, USAF (Photo by Hans Dorries on Unsplash)

САД одобрија продажба на воени авиони и делови на Тајван во вредност од 330 милиони долари

November 14, 2025
Фото: Скриншот, видео Х

Шест загинати во рускиот напад врз Кијив, Азербејџан упати силен протест до Москва откако руска ракета ја оштети и нивната амбасада

November 14, 2025
Фото: Скриншот, видео Гардијан

Демонстранти го блокираа главниот влез на зградата каде се одржува КОП30

November 14, 2025

Марш на ангелите – 30-тиот протесен марш за правда во Скопје

November 14, 2025
Фото: Фејсбук  на Љубомир Костовски

Министерот што подигнува само рачна, говори за брзината на пругите!

November 14, 2025

Богати странци плаќале по 80.000 фунти за „сафари викенд“ за да убиваат цивили за време на опсадата на Сараево

November 14, 2025

Анализа на Гардијан: Климатското финансирање оди во погрешни раце – Кина, Саудиска Арабија и ОАЕ меѓу најголемите добитници

November 14, 2025
Фотографија: Скриншот

Новиот исламофобичен говор на Додик – радикална реторика што потсетува на воените злосторници од 90-тите, алармираат аналитичари и ОБСЕ

November 14, 2025
Фото: украинската амбасадорка Лариса Дир/Х

Амбасадорката Дир: Масовен напад врз Кијив, Харкивскиот и Одескиот регион, има загинати и повредени, руските окупатори продолжуваат да напаѓаат врз луѓето

November 14, 2025
Скриншот од видео на CNBC-TV18

Првичните трендови на клучните индиски државни избори покажуваат водство на алијансата на премиерот Моди 

November 14, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home СЛОБОДНА ЗОНА

По поминати 30 години време е за длабок и болен рез, дури и со тап скалпел

November 18, 2021 08:30
in ПОЛИТИКА, СЛОБОДНА ЗОНА, ТОП 5
Проф д-р Јове Кекеновски

Проф д-р Јове Кекеновски

Share on FacebookShare on Twitter

ЈОВЕ КЕКЕНОВСКИ

Како и да е, политичкиот циркус заврши. Со 59, 60, 61 или 63 пратеника Заев, и понатаму ќе си владее и покрај тоа што веќе беше заминат во историјата по неговата избрзана и непотребно дадена изјава. Мицковски и Села требаше да покажат само малку повеќе трпение и политички сенс, и да не подлегнуваат на едногодишната „мнозинска фатаморгана“ на пратеникот Николовски и да имаа барем мала резерва кон брзите потписи ставени на бел лист хартија.

По овој избрзан политички циркус им останува да бидат само конструктивна опозиција сѐ до оној момент додека повторно не обезбедат ново парламентарно мнозинство, но не на ваков начин како досега.

Во меѓувреме, наместо да размислуваат или пак да се поведуваат по идејата на Левица за радикализирање на состојбата, на располагање им е Деловникот за работа на Собранието според кој можат да побараат Собранието со одлука да основа анкетна комисија за случајот со пратеникот Кастриот Реџепи. Се работи за мошне сериозен случај кој е од јавен интерес, посебно кога веќе во некои албански медиуми се појавија информации за тоа што се сѐ случувало со него односно како неговото срце и душа и разум преку ноќ заминале за Вашингтон и Брисел, а телото му останало во Македонија. Ова е одлична шанса конечно по толку години една собраниска анкетна комисија да покаже сериозен резултат и да ја открие вистината. Во меѓувреме во ДПМНЕ мора да се направи сериозна чистка во највисоките партиски редови и конечно партијата да се ослободи од прислужниците и амалите на туѓиот срам кои како пијавици повеќе од 20 години ја цицаат крвта на државата, граѓаните и партијата.

Од друга страна „новородениот“ Заев доколку има намера барем малку да го тргне од себе товарот и срамот кој го носи по разни основи сите овие години додека е на власт, ќе треба да дејствува брзо и енергично. Друго и не му останува кога веќе неговите коалициони партнери мислат и сметаат дека тој во моментов е единствениот кохезионен фактор. Шминка повеќе не му е потребна бидејќи маските одамна се паднати. Време е за длабок и болен рез дури и со тап скалпел. Неминовно е нова влада со искусни министри кои се докажани во јавноста како чесни и стручни луѓе, по цена и да не им припаѓаат на партиите на власт. Македонија и нејзините граѓани се најбитни и затоа министрите треба ним да им служат, а не на премиерот или првиот заменик премиер, на партиските лидери или на партијата од каде доаѓаат. Закоравените, заслепените и одмаздољубивите партиски кадри не смееме ниту да помислиме повторно да се доберат до државна позиција. На сите ни е доста од „ваши и наши“ министри и директори. Сега не е време за лојални партиски кадри на министерски и директорски државни позиции туку за чесни, самопрегорни, храбри, енергични министри и директори кои си ја знаат работата и кои во вистинска смисла на зборот ќе му служат на народот.

Потребно е итно да се објави „света војна“ на криминалот и корупцијата на сите нивоа и против сите криминализирани структури. Тој што крадел без разлика дали е од ДУИ, ДПМНЕ. СДСМ или било која друга политичка партија мора да одговара. Не смее да има заштитени функционери.

Јавниот обвинител и обвинителот за гонење на организиран криминал мора итно да заминат од своите позиции поради незадоволителни резултати, калкулантско и селективно дејствување. Немојте да ве лаже умот и да помислувате овој првиот да го ставате во Уставен суд. И така од него направивте Усрамен суд. Одработи што одработи човекот и затоа сега нека оди во мировина што би рекле Хрватите. Судиите мора да имаат на ум дека ја претераа со одложувањето на започнатите судски процеси. Истите мора да се завршат и конечно да добијат свој епилог за да не се случи да застарат. Предистражните и истражните мерки за сторен криминал мора да бидат побрзи и поефикасни. Криминалците од редовите на власта итно да се изведат пред лицето на правдата и да си ја добијат заслужената казна како пример за сите поранешни, сегашни и идни функционери.

Министерон за правда на кој судиите му досудуваат условни казни за кривични дела со смртни последици, не треба да чека да го сменат, туку досега требаше да биде заминат таму од каде што дојде. Тивко дојде и тивко требаше сам да си замине. Судскиот совет, Советот на јавни обвинители и дел од судиите треба преку ноќ да се „истресат“ од гаќи, што би рекла една обвинителка во заминување. За оние први луѓе на МЕПСО и ЕЛЕМ не треба ич ништо ни да зборувам, а камоли да пишувам. За сите нив кривична пријава за неодговорно, несовесно и нестручно работење и враќање на арам (не алал) заработените пари. Посебна приказна е министерката за образование, а претходно за труд и социјала која од толку многу познавање на работите ги измеша сите лончиња. Се покажа „поталентирана“ дури и од поранешниот министер за смрт кој едно време исто така беше голем експерт за образование.

Со нов јавен обвинител, обвинител за гонење организиран криминал (и двајцата да не се од редовите на досегашните обвинители), со прочистен Совет на јавни обвинители и Судски совет, нов министер на полицијата, нов директор на финансиската полиција и министри кои ќе им служат на граѓаните Македонија за кратко време може да стане Европа во Европа.  Во спротивно кучињата нема ни со маст да не јадат, а датум за отпочнување на преговори ќе добиеме на „куково лето“.

П.С.  Доколку не знаете како, тогаш не се срамете и слободно прашајте. Има кој знае! Патем, заборавете на легализацијата и производство на марихуаната за масовна употреба. Гледате дека ви го помати умот, а нас нè доведе до работ на опстанок.

 


Сите права се задржани. Текстот е личен став на Авторот.
Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Скриншот од видео на ДИК

    Локалните избори 2025 се официјално и конечно завршени, објави ДИК

    306 shares
    Share 122 Tweet 77
  • „Ние сме далеку пред Албанија“ – Зошто оваа изјава на премиерот Мицкоски е важна за европската приказна на Северна Македонија

    119 shares
    Share 48 Tweet 30
  • Изгледа гатачката на Грујо ја вратиле во Царина, Мицкоски почна да споделува вести од иднината

    113 shares
    Share 45 Tweet 28
  • Локалните избори во Косово Избори без апсолутен победник, но со пораки за партиите

    97 shares
    Share 39 Tweet 24
  • Пендаровски: Ниту една земја што се затворила не станала голема, изолацијата не е добра

    96 shares
    Share 38 Tweet 24
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ