Според излезните анкети, лидерката на крајната десница Џорџа Мелони и нејзината партика „ Браќа на Италија“ се победници на изборите во Италија, така што Италија е на пат да ја добие првата жена премиер во земјата.
Доколку бидат потврдени изборните резултати, Италија ќе ја добие најдесничарската влада од Втората светска војна, по бвладеењето на Мусолини.
По гласањето, Мелони кажа дека нејзината партија Браќа на Италија ќе владее во интерес на сите и нема да ја изневери довербата на народот.
„Италијанците испратија јасна порака во полза на десничарска влада, водена од Браќа на Италија“, додаде Мелони.
Излезната анкета на „РАИ“ предвидува дека таа ќе освои меѓу 22 и 26 отсто од гласовите, пред нејзиниот најблизок ривал Енрико Лета од левиот центар.
Десничарската коалиција на Браќа на Италија со партијата Лега на поранешниот министер за внатрешни работи, Матео Салвини и Форца Италија на бившиот премиер Силвио Берлускони, според сегашните резултати, би располагала со јасно мнозинство од околу 43 проценти во двата дома на италијанскиот парламент. Според италијанската телевизија РАИ, десничарскиот сојуз би имал меѓу 227 и 257 од вкупно 400 места во Пратеничкиот дом, како и 11 до 131 од вкупно 200 мандати во Сенатот.
Според италијанското Министерство за внатрешни работи, вчерашните избори ги карактеризираше мала излезност, некаде до 64,7 отсто до затворањето на избирачките места, што е околу десет проценти помалку од претходните избори пред четири години, а особено мал интерес за изборите покажаа гласачите во јужните региони, вклучително и Сицилија.