CivilFest
Categories

САД Почина Џорџ Буш постариот

Поранешниот претседател на САД, Џорџ Херберт Вокер Буш, синоќа почина на возраст од 94 години, објави неговиот син и исто така поранешен претседател Џорџ Вокер Буш.

Џорџ Х. Буш беше 41 претседател на САД, од 1989 до 1993 година и два мандати му беше заменик-претседател на Роналд Реган.

Во април беше хоспитализиран на интензивна нега, со инфекција на крвта, една недела по неговата сопруга, поранешната прва дама Барбара Буш, со која беше во брак 73 години.

„Џеб, Нил, Марвин, Доро и јас со жалење ве известуваме дека по 94 исклучителни години, нашиот татко почина. Беше човек со исклучителен карактер и најдобриот татко каков што син или ќерка можеа да посакаат“, соопшти Џорџ Буш помладиот, кој беше 43-тиот претседател на САД.

Претседателот Доналд Трамп на Твитер му оддаде почит на колегата Републиканец за „исклучителната автентичност и мудрост и непоколебливата посветеност на верата, семејството и земјата“.

И покрај рејтингот од 90%, Буш беше обвинет за запоставување на внатрешните работи и на изборите во 1992 беше победен од Бил Клинтон.

И се приклучи на политиката во 1964, откако почна со бизнис со нафта во Тексас и стана милионер до возраст од 40 години.

За време на Втората светска војна, се бореше како пилот против Јапонија и беше соборен во септември 1944 за време на бомбардирање.

Зад себе остави пет деца, 17 внуци и 8 правнуци.

Print Friendly, PDF & Email