Градоначалникот на полскиот град Гдањск, Павел Адамович почина како последица на повредите здобиени во нападот за време на синоќешниот хуманитарен концерт.
Адамович на оваа функција е од 1998 година. Според лекарите, тој имал сериозни повреди на срцето, дијафрагмата и други внатрешни органи.
Напаѓачот, кој полските медиуми го именуваат како 27 годишен Стефан В. од Гдањск има криминално досие и минатиот месец излегол од затвор.