Почина Лари Кинг, долгогодишниот ток-шоу водител на Си-Ен-Ен, кој стана икона преку своите интервјуа со безброј политичари, и познати јавни личности, известуваат од Си-Ен-Ен. Лери имаше 87 години.
Неговиот син, Шанс, ја потврди смртта на Кинг. Иако, официјално причината за смртта сè уште не е соопштена, „Си-Ен-Ен“ претходно објави дека Кинг се борел со Ковид-19, повикувајќи се на извор близок до неговото семејство.
Шоуто „Лари Кинг во живо“ на Си-Ен-Ен опстојуваше повеќе од 25 години, каде Лари како домаќин низ годините интервјуираше кандидати за претседател, познати личности, спортисти, филмски sвезди и секојдневни луѓе. Тој се пензионираше во 2010 година откако сними повеќе од 6.000 епизоди од шоуто.