Categories

SKOPJE WINE EXPO Почнува фестивалот на виното во Скопје

На плоштадот „Македонија“ во Скопје вечер ќе почне „Skopje Wine Expo“ на кој посетителите ќе имаат можност да пробаат врвни црвени, бели и розе вина и да уживаат во богатата музичка програма што ја подготви Град Скопје.

Фестивалот на виното ќе трае до сабота, а како музички гости најавени се Кристина Арнаудова, Игор Џамбазов, Дани Димитровска, Дуке Бојаџиев и групата „Фрајле“ од Нови Сад.

-На годинашниов „ „Skopje Wine Expo“ , љубителите на вино ќе имаат можност да се запознаат и да разговараат за се што ги интересира за виното со некои од најдобрите енолози од регионот додека уживаат во најквалитетните вина и вкусните специјалитети како прилог со виното, велат од Град Скопје. (МИА)

Print Friendly, PDF & Email