ВЕСТ НА ДЕНОТ Почнува учебната година со физичко присуство на учениците
Новата учебна година за сите ученици од основните и средните училишта започнува денеска со физичко присуство и со посебни здравствени протоколи. Исклучок ќе бидат средните училишта во Тетово и Гостивар каде наставата ќе се одвива онлајн во првите 14 дена од почетокот на учебната година, а во Кичево и Струга во првите седум дена.
ИЗЈАВА НА ДЕНОТ Јепе Кофод: Данска смета дека Република Северна Македонија е подготвена да почне со преговори
„ Данска смета дека Република Северна Македонија е подготвена да почне со преговори за членство во Европската Унија и за тоа ќе се залагаме. Се надевам дека подоцна годинава или најрано можно ќе донесеме таква одлука и оти сите 27 земји членки на ЕУ ќе застанат зад неа.’’
ФЛЕШ ВЕСТИ
МЕРКИ Од денеска стапуваат на сила мерките што Владата ги воведе на граничните премини. За влез и за излез од земјава ќе се бара сертификат за извршена вакцинација
ВИСТИНОМЕР Апокалиптичното видео во кое се тврди дека за најдоцна неколку години сите што примиле вакцина против ковид ќе починат, е неодговорно и таквото тврдење не го дава доктор по медицина.
ПОПИС Се е подготвено за почеток на пописот којшто треба да почне во недела на 5 септември, изјави денеска владиниот портпарол Душко Арсовски..
ЛОКАЛНИ ИЗБОРИ Во законскиот рок за собирање потписи за независни кандидатури за претстојните локални избори кој заврши на полноќ на 30 август, и според Државната изборна комисија, потребниот број потписи го собрале 25 независени кандидати за градоначалник, како и 57 групи избирачи за советнички листи.
КОВИД 19 Прва доза вакцина вчера примиле 5.486 граѓани, а вчера вкупно се вакцинирале 13.037 граѓани. Во државата вкупно се аплицирани 1.267.666 дози вакцини, а ревакцинирани се 539.037 граѓани, информира Министерството.
МУЛТИКУЛТУРА
#НаправиРазлика #ПочитувајГиРазличностите
Кристина Арнаудова, музичарка и хуманитарка, со своето учество во иницијативата на ЦИВИЛ „Направи разлика: Почитувај ги различностите“ преку видео порака им порачува на граѓанките и граѓаните дека треба да се учат децата да бидат добри луѓе.
Активистот Бленди Ходаи со видео порака во иницијативата на ЦИВИЛ „Направи разлика, почитувај ги различностите“, истакна дека како млад човек има обврска му е да помага на важните процеси во земјава.
СЛОБОДНА ЗОНА
Она што ја засега Македонија, пак, е глобалната дискредитација на нашиот најдобар западен партнер и сојузник, САД. Тоа, локално, им ги крева амбициите на сите оние „мали Ѓокици“ кои би сакале земјата да ја видат надвор од западната, американска сфера на влијание. И нашите „талибанци“ се надеваат дека времето работи за нив, без разлика што македонскиот часовник се „навива“ на Запад, пишува Сашо Ордановски во својата колумна „ Самрак или нов почеток?’’
Д. Мишев












