fbpx
Фото: МИА архива
Фото: Собрание
Фото: Wikimedia commons

Поддршка од Европа и НАТО за изгласаните уставни измени

,,Најискрени честитки до сите политички чинители и граѓаните за она што наскоро ќе биде Северна Макеоднија преку гласањето во Парламентот за уставните измени. Се надевам дека оваа историска одлука ќе создаде позитивна динамика за напредок на целиот регион на Западен Балкан.” , напиша комесарот Јоханес Хан на Твитер.

Генералниот секретар на НАТО Јенс Столтенберг од своја страна му испрати директен твит на премиерот Зоран Заев да му честита за крајното гласање на Собранието.

,,НАТО силно ја поддржува целосната имплементација на Договорот, што е важен придонес за стабилен и просперитетен регион“, порача Столтенберг.

Европратеникот Едвард Кукан од ЕПП исто така им честиташе на пратениците за, како што кажа, „одговорното” гласање на уставните измени, кои го отвораат патот за имплементација на Преспанскиот Договор.

,,Со нетрпение ја чекам евроатлантската иднина на Северна Македонија, твитна Кукан.

М. И.

Print Friendly, PDF & Email

CIVIL MEDIA NEWSLETTER