пишува: ПЕТРИТ САРАЧИНИ
Денеска на протест ќе ги видиме поддржувачите на нашите „рогоњи“, на луѓето што влегоа во нашето Собрание на сила, што сакаа да убиваат, што тепаа, повредија пратеници. Исти, па дури и пожедни за крв од „рогоњите“ што дивееја во американскиот Конгрес.
Приказната за „уставобранители“ може да ѕвони само во меурите на социјалните мрежи, со надуени лајкови и шерови од партиски војски и ботови.
Знаеме дека на нашиот крвав 27 април му претходеше неколкумесечна блокада на вољата на народот и мнозинството од 67 пратеници, како и протести хушкани со националистички лаги и оркестрирана омраза од штабовите и агит-пропагандата на вмро-мвро.
Исто како што упадот во американскиот Конгрес и обидот на Трамп да ја сруши легитимната победа на Бајден беше хушкан и подготвуван, на речиси идентичен начин.
Освен домашните сили на десната и левата рака на Организацијата кои го поддржаа и пропагираат протестот, видлива е и помош од странски центри, и во пропагандата на социјални мрежи, и во логистика.
Видлива е и мобилизација на навивачките групи, кои цела недела и повеќе, една по една, јавно му се приклучуваат на денешниот протест.
Многу работи се видливи, за оние што сакаат да ги видат.
Денеска ќе видиме колкава е поддршката за нашите „рогоњи“, кои среде пандемија, место да се срамат од она што го направија на 27 април 2017, се прават патриоти и „уставобранители“, што од Уставот 10 години правеа тоалетна хартија. Оти, како велеа, будалиот се гордее со тоа, од што паметниот се срами
#SledeTene
#LevaRukaDesenRog
#DolgaRakaKratkinoze
#LiveFromTheCrystalBall
Сите права се задржани. ЛИНК: Услови за користење, авторски права и заштита на приватноста. Текстот е личен став на Авторот.